После првите ракометни чекори во Овче Поле, Кире Лазаров уште како тинејџер се соочил со големи предизвици во дресовите на Борец и Пелистер. Во Велес имал голема минутажа, на 15 години почувствувал меч против актуелен европски првак, ама навечер не водел спортски живот. Трансферот во Пелистер бил полн погодок и покрај тоа што на почеток греел клупа и вршел притисок дома, веднаш да му најдат друг клуб.
„Секогаш на победа“ е збирка на лекции како се доаѓа до успех, а Кире во воведниот дел ја раскажува онаа детската, целосно непозната за јавноста. Од уличните тепачки на фудбал, првите ракометни предизвици на влажните асфалти каде се кинеле патики за 20 дена, глупоштиите со другарите, па сè до денот кога бирал меѓу два спорта кои имаат заеднички елементи.
Март 1997 година. На патот до уште една шампионска титула, Булс веќе трет пат во сезоната ја победија Филаделфија Севентисиксерс. Но во печатот и на улиците во САД никој не зборувал за новиот гостински триумф на Чикаго Булс, туку насекаде се зборувало за малиот Ален Ајверсон, првиот пик на НБА драфтот претходната година.
Чешкиот милијардер Даниел Кршетински купил 27% од акциите на Вест Хем. Иако на прв поглед оваа зделка не изгледа дека ќе влијае на распоредот на сили во Премиер лига, сепак може да смени многу нешта.
Има многу големи НБА играчи кои сега се милионери но кои во детството и младоста имале многу лош живот во растурени семејства, па во така несигурни економски состојби морале да прават сè што било потребно за да земат некој долар и да имаат макар една чинија оброк.
Во ноември 2004. година во поранешната сала на Детроит Пистонс изби војна. Се тепаше кој со кого стигне и за малку армијата ќе интервенираше да смири страсти.
Другарството меѓу Мело и Џејмс трае повеќе од две децении. Леброн еднаш раскажа како му го спасил животот на Кармело на Бахами. Двајцата мечтаеле да играат во ист тим уште од моментот кога првпат стапнаа во НБА пред 18 години!
Ништо чудно во догледно време да се појави некој врвен документарец за селекторот на Финска којшто ѝ ја донесе најголемата спортска радост на својата земја.
Со својот веќе поставен систем, УЕФА и нејзиниот прв човек Александар Чеферин успеаа да се одбранат од нападите на планираната Суперлига која што ја поддржаа 12 клуба па повеќето се откажаа од неа.
Во еден момент толку малку е потребно животот да тргне по права или крива насока. На своја кожа ова најдобро го осетил легендарниот НБА шампион, МВП и член на Куќата на славни.
Пар патики кои трагично загинатата суперѕвезда Брајант во 2002-ра му ги дал на тогаш младиот талент од едно средно школо во Охајо, се очекува да достигнат огромна цена на аукција.