На почетокот на 2000-те Коби Брајант веќе беше голема супеѕвезда, а Леброн Џејмс ги полнел страниците предвидени за средношколски баскет.
При една средба на Ол-Стар викендот во Филаделфија во 2002-ра, тогаш 24-годишниот Коби, му ги поклонил на 17-годишниот Леброн патиките со кои играл во НБА. И покрај разликата во броеви (димензија на стопало), Џејмс долго време играл во нив во средно школо а ги сочувал и 20 години до денешен ден.
„Беа модел со црвено-бело-сини линии, ми беа мали, он носеше 14-ка, јас 15-ка, ама ги носев некое време со стегнати, повлечени прсти навнатре“, раскажал пред извесно време бројот 23 на Лејкерс.
Следната вечер откако ги добил патиките, Леброн со нив играл за своето школо против Оук Хил Академија за која играл Кармело Ентони. Џејмс уфрлил 36 поени.
„Мислам дека играв првенство во Тинек, Њу Џерси, а они играа Ол-Стар во Фила. Имав шанса да се сретнам со него и ми даде пар патики. Ги облеков уште следната вечер за мечот со Оук Хил против Мело.
LeBron reflects on his favorite Kobe memories and the impact the Mamba has had on his life 🤝 pic.twitter.com/UDBYdttSli
— SportsCenter (@SportsCenter) January 26, 2020
Сега овие патики ќе бидат ставени на аукција. Почетната сума на побарување е 20.000 долари но се очекува следната недела да порасне далеку повеќе.
Интересно, при својата последна сезона во кариерата, на последното гостување во Кливленд таа 2016-та Коби Брајант му ги подарил патиките што ги носел на мечот на Леброн, со автограм на нив за спомен.
Брајант и Џејмс многу пати играа меѓу себе откако Брон влезе во НБА во 2003-та, но за жал никогаш не играа едно големо финале еден против друг.