По ждрепката за 1/8 финале во Лига на шампиони, попладнево во Нион традиционално следеше и извлекување на паровите за 1/16 финале во Лига Европа. Супер интересни дуели ќе не чекаат на почетокот на 2021 година.
Вечерва во Лига Европа се одигра и 5. оло во групната фаза. Играа тројца македонски репрезентативци: Велковски постигна убав гол за Ријека во ремито 2:2 на гости кај Сосиедад, а Елиф Елмас играше од 58' минута за Наполи против АЗ Алкмар (1:1). Адеми со капитенска лента го водеше Динамо до голема победа од 0:2 кај Феенорд со што „модрите“ се пласираа во нокаут фаза како први во групата.
Во Неапол и вечерва сè е во знакот на Марадона. Против Ријека Елмас и другарите играа со 10-ка на грбот, а вечерва против Рома се појавија со дресови во аргентинска верзија. Лоренцо ја опали домаќински од слободен удар и потоа се знае. Наполи во 65-та поведе со 2:0, а Елиф е на клупа.
Наполи синоќа ја совлада Ријека 2:0 во Лига Европа, а домаќините на достоен начин и оддадоа почит на легендата. Мечот мина без навивачи кои може само да замислиме што чудо од кореографија ќе направеа доколку не беше короната.
Поинаку од нив и не се очекуваше, бидејќи Марадона им е безвременски идол и симбол со кого ги освоија половина од трофеите во нивната историја. Пет трофеи им донесе меѓу кои две Скудета во 1987-та и 1990-та кои никогаш нема да ги заборават.
Извесни Аце и Дарко решиле да си поиграат малку со македонската фудбалска репрезентација и се обиделе да го скројат најдобриот состав од осамостојувањето до денес. Имињава звучни, ама има еден проблем. Само Пандев го има од хероите кои ја однесоа Македонија на Европско.
Фудбалерите на Милан како да не се зафркаваат кога спомнуваат борба за самиот врв до крајот од сезоната. Синоќа глатко го нокаутираа Наполи во Неапол 1-3 со 2 убави гола на Ибрахимовиќ и 1 на младиот норвешки бисер Јенс Хауге. Златан и нашиот Пандев што се постари, толку подобро играат.
Македонската фудбалска репрезентација завршува втора во група и останува во Лига Ц, откако на неутрален терен на Кипар загуби од Ерменија 1:0 на меч без Пандев, Барди, Адеми, Алиоски, Димитриевски, Елмас, Николов, Ристевски, Спировски и Крсте Велкоски.
Дечкото кој ја створи акцијата за историскиот гол на Македонија и кој му скрши кичма на противникот, уште го држи еуфорија. Новинар на Скај Спорт известуваше во живо од базата на Наполи и кога наеднаш оп, се појавува Елиф. Тоа бе царе.
Напаѓачкото трио се спрема за завршниот удар во овој ноемвриски циклус на репрезентативни напревари. Утре против Ерменија повторно ќе немаат помош од Пандев и Елмас, но тие се доволно зрели и искусни и плус го имаат Влатко Стојановски на клупа за нов триумф или реми, доволно за бараж за СП. Напред момци.
Најдобрите македонски фудбалери рутински ја совладаа Естонија со 2-1 и освоија 3 бода кои дополнително ја приближија нашата селекција до повисок ранг во Лига на нации. Тричковски и Стојановски беа стрелци, а вториов постигна ефектен гол со глава по чудесна асистенција на ѕвездата на Наполи Елмас.
На крилја на историскиот пласман на ЕВРО2021, репрезентацијата на Македонија вечерва во Скопје ја совлада Естонија со 2-1 и е на чекор од пласман во посериозно друштво во Лига на нации.
Голот кој го чекавме со години, голот за кој мечтаеа и фудбалерите и ние новинарите и цела македонска јавност. Голот кој ќе остане во аналите на македонскиот спорт. Браво мајсторе и за тебе, но и за Елмас и Нестор. Мозок им испивте со акцијава.
Финалето на Лига на нации во групата Д кулминираше со испишување на нова историја за македонскиот репрезентативен фудбал. Радувај се Македонијо, златните нозе на Пандев не носат за прв пат на едно големо натпреварување.
Македонската фудбалска репрезентација почна да се собира во Скопје во пресрет на исторскиот меч, а македонската јавност може да се смири, бидејќи попладне во Скопје пристигнува капитенот за кој синоќа се појави информација дека нема да го пуштат од Италија.
Во 4. коло од Лига на нации, Македонија ремизираше 1:1 (0:0) со Грузија и освои важен бод, особено ако се знае дека повеќе од 20 минути игравме со играч помалку поради глупоста на Столе Димитриевски.
На 9-ти август Македонија гостуваше кај Грузија во рамките на новото издание на Лига на нации и со реми од 1-1 и добра игра покажа дека апсолутно е кадарна овојпат да го победи противникот и да се пласира на историско Европско првенство.
Една од најважните алки во играта на Македонија вечерва не можеше да биде на терен затоа што беше позитивен на Ковид 19, но затоа го облече репрезентативниот дрес во Неапол и им испрати емотивна порака на своите соиграчи.
Едно време тоа беше 31 август, но сега сè се помести па така и последниот ден од летниот трансфер период кој всушност заврши на есен. Звучни фудбалски имиња ги сменија дресовите во последен миг.
Недела 4 октомври 2020 ќе се памти како еден од полудите денови кога фудбалот е во прашање. Британија уште не може да поверува што ги снајде Ливерпул и Манчстер Јунајтед (7:2, 1:6), а во Италија некои аматерски работи се случија.
Лоша вест за македонската фудбалска репрезентација пристигна од Неапол. Елиф Елмас е заразен од Ковид 19 во пресрет на три натпревари на нашиот национален тим, меѓу кои и историскиот со Косово.
Во новото издание од Лига Европа ќе има 5 македонски фудбалери: Дарко Велковски, Милан Ристовски (Ријека), Адеми (Динамо), Елмас (Наполи) и Дени Илиев (Арсенал). Неколку интересни вкрстувања: Велковски и Ристовски против Наполи на Елмас.
Веста за 14-те позитивни во Џенова може да ги искомплицира работите во Серија А, се надеваме не и во нашиот национален тим, а после овој дуел меѓу двајца играчи од спротивен табор, какви ли ќе бидат резултатите кај Наполитанците и општо, како ќе тече фудбалот?
Фудбалерите на Наполи целосно ја оправдаа фаворитската улога против Џенова која за 70 минути игра ја наполнија со 6 погодоци. Петтиот е дело на Елиф Елмас кој одличне се снајде во шеснаесетник. Пандев доби шанса во 54-та минута.
Македонскиот бисер денеска полни 21 година, а Наполи тоа не го заборава и честитките одат преку нивниот Твитер профил со кратка видео компилација во која го има неговиот деби гол во Серија А против Сампдорија.