Супер ждрепка во Лига Европа: Манчестер Јунајтед во Баскија, Милан во Белград

По ждрепката за 1/8 финале во Лига на шампиони, попладнево во Нион традиционално следеше и извлекување на паровите за 1/16 финале во Лига Европа. Супер интересни дуели ќе не чекаат на почетокот на 2021 година.

1/16 финале Лига Европа, парови:

ВОЛФСБЕРГЕР - ТОТЕНХЕМ
ДИНАМО КИЕВ - КЛУБ БРИЖ
РЕАЛ СОСИЕДАД - МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД
БЕНФИКА - АРСЕНАЛ
ЦРВЕНА ЗВЕЗДА - МИЛАН
АНТВЕРПЕН - РЕНЏЕРС
СЛАВИЈА ПРАГА - ЛЕСТЕР
САЛЦБУРГ - ВИЉАРЕАЛ
БРАГА - РОМА
КРАСНОДАР - ДИНАМО ЗАГРЕБ
ЈАНГ БОЈС - БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН
МОЛДЕ - ХОФЕНХАЈМ
ГРАНАДА - НАПОЛИ
МАКАБИ ТЕЛ АВИВ - ШАХТЈОР ДОЊЕЦК
ЛИЛ - АЈАКС АМСТЕРДАМ
ОЛИМПИЈАКОС - ПСВ АЈНДХОВЕН

Заедно со Џорџо Маркети, ждрепката ја влечеше некогашниот португалски фудбалер Манише кој со Порто и Мурињо го освоија некогашниот Куп на УЕФА. Од нашите репрезентативци, Аријан Адеми како капитен ќе го поведе Динамо Загреб против руски Краснодар, а Елиф Елмас со Наполи ќе се судри со Гранада.

Првите натпревари од 1/16 финале во Лига Европа ќе се играат на 18 февруари а возвратните дуели се предвидени за недела дена подоцна, на 25 февруари.

7 поранешни освојувачи на Лига Европа ќе играат во 1/16 финалето. Шпанска Гранада за првпат се пласираше во нокаут фаза на Лига Европа. Финалето е предвидено за 26 мај во полскиот град Гданск.

ИЗВЛЕЧЕНИ ПАРОВИТЕ ВО ЛШ: МЕГА ДЕРБИ БАРСА - ПСЖ, ЛАМПАРД НА ЧОЛО

14 декември 2020 - 13:32