Хулио Паленсија бил шпански дипломат, верен на режимот на Франко. Иако најпрвин истапувал со анти-семитистички ставови, неговата сопруга го предомислила. Нови докази укажуваат на тоа дека тие спасиле 28 семејства македонски Евреи во моментот кога бугарската „администрација“ требала да ги испрати на последно патување, од скопскиот монопол, до Треблинка.
Нова научна статија во пред-печатење на истражувачи од Стенфорд и Јеил го истражува портретирањето на самоубиствата и психијатриските болести во филмската уметност, и како тоа влијае врз нашите предрасуди поврзани со овие теми.
На 2 септември оваа година почина Дејвид Гребер, еден од најпознатите современи антрополози, анархист и активист во движењето Окјупај вол стрит. Но среде сите тажења по неговото заминување, излегоа и потсетници на скандал во кој тој игра една од главните улоги.
Се викал Карл Ернст Крафт, бил образован како за научник, но се занимавал со нешта кои денес ги сметаме за псевдо-наука. Во времето на подемот на национал-социјализмот тој имал специјален статус помеѓу бројните окултисти и „пророци“ кои работеле за режимот.
Нетфликс серија за едно судење кое се фокусира на поротата - на тие обични и често ранливи луѓе со свои проблеми и предрасуди кои треба да одлучат за нечија судбина. Тоа што е на фламански е уште еден многу интересен елемент.
Во 2010, Такеши Кувабара бил осуден за убиство на својата љубовница. Но она што овој случај го откри не е само уште едно убиство од страст, туку еден необичен факт - дека Кувабара по професија бил „вакаресасеја“ - човек кој бил најмен од мажот на љубовницата за да го прекине нивниот брак.
„Земја“ можеби и не е најточната одредница. Станува збор за нешто што на американскиот југ го нарекуваат „бела прашина“ - мека глина (каолин) која е примарно наменета за правење порцелан, хартија и боја. Ама ете, можело и се јаде.
На Твитер деновиве циркулира статија од 2015 која ја промовира идејата дека славниот композитор имал африканско потекло. И ова не е прв пат да се потегнува муабетот, што е поинтересно отколку „вистината“ за расната припадност на Бетовен.
Во 2016 биткоин - првата и до сега најпознатата криптовалута воспоставена далечната 2009 - почнала да привлекува внимание, поради подемот на нејзината вредност. Сепак, криптовалутите како концепт сè уште не биле доволно познати. OneCoin, ветувала Ружа Игнатова пред полни стадиони, требало да го потисне својот главен ривал, и да стане најсилната криптовалута на светот. Потоа исчезнала.
Во својата книга „Како ја изгубив Нобеловата награда: приказна за космологија, амбиција и опасностите на највисокото научно признание“, физичарот Брајан Китинг раскажува приказна која вклучува голем ентузијазам, разочарување и научени лекции од целиот потфат.
Свесни сме дека во рубрикава често објавуваме текстови за некакви измамници или ликови кои целиот живот се обидувале (најчесто безуспешно) да се реобмислат себеси, оправдувајќи ги средствата со целта. Но во овие приказни има и нешто трогателно, во тој напор да се прикажеш како нешто што не си. Во случајов уште повеќе затоа што доаѓа од некој што денес би го нарекле „животен советник“.
Излегувањето на „Потеклото на видовите“ на Дарвин во 1859 го променило текот на научната историја. Она што е необично е што нејзиниот издавач бил и меѓу нејзините најголеми критичари.
Ново истражување ја открива шемата, испланирана од најдобриот пријател на Дикенс, викторијанскиот писател да биде погребан во Вестминстер, крај своите славни колеги, и покрај експлицитното противење на писателот.