Како што истекуваше мандатот на Зеленски така се повеќе високи украински владини функционери, претставници на одбранат и дипломатски извори, се испаничени од власта и овластувањата што ги има шефот на кабинет на претседателот, Андриј Јермак, пишува британски Тајмс.
Украинскиот парламент го изгласа законот со кој англискиот јазик станува задолжителен јазик за меѓународна комуникација, а познавањето на јазикот ќе биде услов вработување на голем број од позициите во власта и администрацијата.
Поранешниот прв човек на кампањата за Брегзит, Доминик Камингс, порачал дека Западот згрешил (употребувајќи еден многу посочен збор) со тоа што решил да ја поддржи Украина.
Министрите за одбрана на Полска и Литванија, без никој да го побара тоа од нив, ветија дека ќе почнат да приведуваат и депортираат Украинци на нивна територија кои ја напуштиле Украина за да избегаат од регрутација.
Образложувајќи дека ако Русија во 2022 не искористи нуклеарно оружје, нема ни сега да искористи се додека не е под закана од истото, аналитичарот Едвард Лутвак му предлага на НАТО да испрати свои војници во Украина за да му помогне на Киев.
Балтичките лидери ги притискаат членките на НАТО да почнат работат на враќање на задолжителното служење војска во своите држави, за да имаат доволно луѓе подготвени за заканата што доаѓа од Русија.
Европскиот дел од НАТО, ќе треба да најде дополнителни 56 милијарди евра годишно за да го пополнат буџетот на алијансата до договорената сума од 2% од годишниот бруто домашен производ на секоја членка.
Новиот амбасадор на Украина во Велика Британија, а до пред некоја недела командант и херој на целокупните украински вооружени сили, Валери Залужни, зимоска минал медицински испитувања кои покажале дека тој не е способен за служење војска.
Само Северна Кореја многу поуспешно ги пополни руските залихи со артилериска муниција, отколку што сите неспоредливо побогати и поиндустријализирани членки на Европската унија успеаа да и се најдат на Украина во однос на клучната муниција на фронтот.
Масовно кратење на трошоците ја остави француската влада без доволно пари за пакетот од 3 милијарди евра воена помош за Украина, па најверојатно ќе треба да вади од заштедата од различни министерства.
Глен Гринвaлд е новинарот кој во 2013 за Гардијан објавува дел од тајните документи што ги добива лично од Едвард Сноуден. Тој подоцна си заминува од Гардијан и го ко-основа левичарскиот Интерсепт. Гринвaлд објави дека поднел отказ во Интерсепт откако тамошното уредништво одбило да му објави текст кој бил негативен за Бајден.
Чуда направи короништево скапано и целосно го измести и поремети и фудбалот кој многу поинаку беше планиран годинава. Ќе има смеење ако се повреди голманот на Украина или добие црвен.
Некогашниот прволигаш и учесник во еврокупови Карпати од Лвов веќе неколку години мака мачи во пониските лиги. Сега е второлигаш, а на мечот со Подоље од Хмелницки ај што изгубија 0:3 туку и имаа интересна одбрана на еден напад.
Павло Исенко уште на 16 години се издвојува како еден од подобрите голмани во Украина. Дебитираше за првиот тим на Ворксла Полтава и со три одбранети пенали во полуфиналето на Купот, го однесе својот тим во финале.
На натпревар од полуфиналето на Купот на Украина меѓу Минаи и Динамо Киев била извадена шокантна парола во која се бара правда за полицаецот што го уби Џорџ Флојд во Америка.