Насловов звучи како пародија на научно-фантастичен наратив. Но за оние што го следат брзопотезниот развој во областа на вештачката интелигенција ова е сосема логичен след на настаните. Додуша, само почеток. Сега луѓето ја тужат ВИ. Следно - машините ги тужат луѓето што се обидуваат да им украдат идеи, кои некогаш биле човечки?
Викаат дека за наследник на Столтенберг на чело на НАТО, Џо Бајден ја бутка Урсула фон дер Лејен. „Кога клучните прашања се решаваат со договори под тезга, завршувате со најлошите можни кандидати, во најлошо можно време. Завршувате со Урсула фон дер Лајен – политичарка која секој неуспех ја води уште погоре“.
Холандската влада им порача на училишните власти да ја разработат препораката заедно со наставниците и родителите па ако догодина се видат позитивни резултати, ќе се воведе трајна забрана за уреди кои им пречат на учениците да се фокусираат на наставата.
Во една фина мета-приказна, Франческа Џино, проминентна професорка од Харвард, наводно ги фалсификувала резултатите во своите истражувања од областа на бихејвиоралните науки, на тема - чесност.
Кога Зеленски го послуша Борис Џонсон да не преговара со Путин, тоа се фалеше како паметен потег. Ретроспективно, катастрофален. „Ако верувате дека ситуацијата е онаква каква што ја пренесуваат меинстрим медиумите, памтите како нè убедуваа дека победуваме во Авганистан?“, потсетува Дејвид Сакс од Крафт Венчрс, своевремено оригиналниот оперативен директор на Пејпал.
Полски војници се фалат дека вооружени упаѓаат во Русија, земаат заложници, гранатираат стамбени области... Запад нагалено ги вика партизани, а на никој не му текнува дека Русија може да им се сврти, па после Америка да биде обврзана да ја брани Полска, како што предвидува статутот на НАТО.
Минатиот јуни ЦИА добила разузнавачки податоци, преку европска шпионска агенција, дека 6-член тим составен од украински специјалци имал намера да изврши саботажа на гасоводот меѓу Русија и Германија, објавува Вашингтон пост.
По неколкумесечна пауза откако беше испуштен од Фокс, најгледаниот американски плејмејкер на вести се враќа, и тоа на Твитер. Првата негова епизода, во првите седум часа имаше публика од 40 милиони луѓе. За контекст: CNN во прајм тајм денес има нешто околу 330.000 гледачи, знаеле да паднат и на 100К.
Веројатно некаде во Вашингтон се води евиденција колку семинари за демократска контрола на војската се одржани во светот. Нема држава што во вечерната школа на демократијата не ги минала предавањата за парламентарните механизми за надзор на војската, полицијата и тајните служби, исклучувајќи ги од тоа јавните странски служби бидејќи тие се таму како гарант на демократијата.
Ако во времето на претходните сопственици Твитер беше пекол, по доаѓањето на Илон Маск во овие неколку месеци тој се претвора во платформа која не може да се разликува од „пустелијата на алтернативните социјални мрежи како Трут соушал и Парлер. Тој сега е десничарска социјална мрежа,“ се порачува во текстот на Атлантик.
Нова книга под наслов „За сите што некогаш ќе прашаат: животот, музиката и мистеријата на Кони Конверс“, новинарот и музичар Хaуард Фишмен го истражува талентот и животот на кантавторката за која малкумина знаат.
Обемот на руски загуби во 2022, во комбинација со рускиот судир со НАТО системи на кои претходно им се немаат спротивставено, предизвика значително застранување на руските операции од нивната востановена доктрина, стои во анализата објавена од институтот РУСИ.
Истражувачи од американското Министерство за одбрана уште во 2020 година имале составено убедлив демант на една студија која Ентони Фаучи ја користеше како доказ за природното потекло на ковид- 19. Нивниот извештај, за жал, станува достапен на јавноста дури во мај 2023.
Конечно е готов долгоочекуваниот извештај на специјално именуваниот истражител Џон Дурам за постапувањето на Федералното истражно биро во случајот со нивната истрага околу наводната поврзаност меѓу Доналд Трамп и Русија. Лоши вести, за ФБИ.
Синтетизирајќи шокантни откритија од анализите на илјадници документи на „Фајзер“, д-р Наоми Волф (Јејл, Оксфорд) рече дека си имаме работа со монструми. „Нема шанса да се избегне заклучокот дека цел им е да ја пореметат човечката репродукција“, вели таа и додава „Тоа е биолошко оружје и ние сме нападнати.“
Не постојат докази но меѓу истражувачите постои заинтересирност да ги испитаат масовните поплаки дека после вакцинирањето се добива тинитус, состојба во која човек слуша ѕвонење или зуење во ушите кое не доаѓа однадвор. На некои од посреќните им се слуша и музика.
Светот почнува да станува неподносливо топол. Во летните месеци се случува школки на плажите на Калифорнија да се варат во сопствените оклопи. Купишта отпад се палат „од ништо“ и предизвикуваат огромни шумски пожари. Во меѓувреме, 90% од американските домови се ладат со клима уреди. Огромно количество енергија е потребно за да се избегне климатската реалност. Но изгледа како голема енергија да се вложува и во употреба на јазик кој ќе одбегне да нè алармира за истата.
На 19 април 1993 година, американските власти решија да ја прекинат 51 дневната опсада на ранчот на кој беа сместени Давидијанците на Дејвид Кореш. Им фрлија гас, бараките брзо пламнаа во оган а потоа се пукаше во секој кој ќе се обидеше да избега од пожарот. Беа убиени 82 лица, од кои 28 беа деца. Real American History.
Се вика „разрокaта лигња“, затоа што има еволуирано така за едно, големо око, да ѝ гледа накај површината на морето, а друго, помало, да ја следи активноста на морското дно. Нешто како кога човек би имал два пара очи, едни за преку ден, други за „инфрацрвен“ поглед ноќе.
Исмевањето на оние кои имаа дилеми околу ковид вакцините долго време беше една од омилените дисциплини на медиумите и „одговорните“. Линчот се правдаше со „научниот консензус“ кој постои околу вакцините. Шу праиме сега, кога консензусот се смени, односно е јасно дека никогаш и не постоел бидејќи едногласието се темелеше на принуди, измами и цензури?
Кога во кампањата во 2016-та, Трамп извикуваше „Затворете ја!“ (мислејќи на Хилари Клинтон), либтардите се згрозуваа каква авторитарна темнина се надвиснува над Америка. Седум години подоцна, Хилари е слободна жена, дури и после 4-те години на Трамп. Хронично дефицитарни со хумор, истите тие денес раздрагано се поздравуваат со „Merry Arrestmas“.
На мигрантите кои ќе доаѓаат во САД, веќе нема да им бидат потребни никакви документи за нивниот пол бидејќи ќе можат сами да го одберат. За почеток има само две опции а потоа лоби групите ќе ја завршуваат работата за нон-бајнари и другите. Којзнае кога странските соколи ќе дојдат на ред?
По своето прво појавување на Сицилија во 1870-тите, мафијата бргу се инфилтрирала во економските и политичките сфери на Италија и САД. Една од теориите за нејзината појава има врска со - цитрусно овошје.