Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Есапи која е тоа влада која Бектеши може да ја лаже како сака

15 јули 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Бектеши ја измамил Владата дека концесиите за Иловица-Штука треба да се спојат, тврдат владини министри и бараат ревизија, пренесува МОФ.

  • Коментар на Жанета Трајкоска:

Смешно ви е образложението дека ве излажал Бектеши на седница на Влада. Очајно и смешно.

- Ако ве излажал, уште денеска Бектеши да добие клоца и премиерот да го смени.

- Ако ве излажал, уште в понеделник да ја поништите одлуката за спојување на концесиите, оти сте дигнале 2 прстиња на база на лажни информации. Веднаш.

- Ако ве излажал, побарајте ја линијата на парите, моќта и интересот што го врзува Бектеши со рудникот и сите во низата на одлуки и отворете истрага за прибирање докази за потенцијален криминал и корупција од министерот преку судовите.

- Ако ве излажал, треба дел од министрите да си поднесат оставка, посебно тие што се врзани тематски со концесии, финансии, екологија...продолжи ја низата. Како така сте кренале 2 прста, а водите министерства што се врзани со животна средина и добро владеење?! На жими мајка или не се занимавате со сопствената работа?!

- Ако ве излажал Бектеши сега, ко мали деца за лижавче, тогаш легитимно е прашањето за што уште ве лажеле на СЕДНИЦА НА ВЛАДА за да дигате 2 прстиња и дали сте добиле 5 на рачињата. За Бехтел и Енка можеби?! ЗА ШТО?!

- АКО ТАКА ЛЕСНО МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА ја ИЗЛАЖАЛО ЦЕЛА ВЛАДА, да се самораспуштиме ко држава, оти многу е срамота...

Ако така ако ве лажат на сопствена седница на Влада, во сопствената зграда, во државата ко божемски ја водите, па дечки, за што се ве лажат странските дипломати и наречници што нон стоп ви го маваат стапот без морков, ама не само вас, туку на сите нас.

Јадно!

Среќа па Миле го затворивте, инаку ќе го носевте денеска во притвор.

извор

Во Албански театар, глумец нема играно претстава цели 15 години

9 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрази неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на Националната установа (НУ) Албански театар – Скопје за 2024 година.
  • Како и во многу други државни институции, ДЗР и во Албанскиот театар утврдил дека има вработени кои не доаѓале на работа, а примале полна плата.
  • Театарот го издавал просторот со субјективна проценка: од 10 до 240 илјади денари.
  • Продавале билети без официјално утврдени цени.
  • Во текот на 2024 година, 20 отсто од актерите не биле ангажирани. Двајца актери не се ангажирани во ниту една претстава од репертоарите од 2011 односно од 2019 година до денес, а на истите им се исплаќала плата за полно работно време без да биде обезбедена потврда за нивно присуство на работа.
извор

Крстевски: Геополитика на духот - Цената на нашето отсуство

9 јуни 2026
  • Share
  • Post
  • Во време кога границите во Европа ја губат својата физичка смисла, државите почнуваат да се мерат по својата културна присутност. Некои тоа го разбираат рано. Други, за жал, предоцна.
  • Ова е културолошка борба за културно и идентитетско позиционирање на Македонија на отворената европска сцена. 
  • Македонската интеграција во ЕУ ќе биде поразлична од Словенија и Хрватска, затоа што нашите прашања со соседите се подлабоки. Токму затоа, нашата културна политика во овие процеси мора да биде поамбициозна, поинтелигентна, покреативна и поавтентична.

  • Ако ние час поскоро не создадеме културно присуство во просторот што ни припаѓа по чувство и сеќавање, некој друг ќе создаде наратив во него. 

  • И тогаш, можеби, нема да се поставува прашањето кои сме. Туку, кој нас нè раскажал наместо нас?

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Украина поставила мрежа над 1.000 километри патишта

2

Преку ноќ станал турски билионер, а не може да повлече ни лира

3

Ако го видите, поздравете го

Македонштина
4

Професор по хрватски јазик на Милионер

Балканштина
5

Во Албански театар, глумец нема играно претстава цели 15 години

6

Неда Украден нема потреба да се фолира

Балканштина
7

Кобниот бакрдан на Никола Карев

Разно
8

"Kiss and release" на балкански начин

Балканштина
1

Украина поставила мрежа над 1.000 километри патишта

2

Преку ноќ станал турски билионер, а не може да повлече ни лира

3

Во Албански театар, глумец нема играно претстава цели 15 години

4

Западот е сето она што ви рекоа дека е Кина

Мислења
5

Америка не може вечно да го бомбардира Иран

Свет
6

Меѓународниот кривичен суд го суспендира главниот обвинител

7

Кина отвори подводен дата-центар за ВИ

Технологија
8

Австралиското вино старее како бензин

Занимливости
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Па вие пак слабејте

Балканштина

Професор по хрватски јазик на Милионер

Македонштина

Ако го видите, поздравете го

Балканштина

"Kiss and release" на балкански начин

Балканштина

Неда Украден нема потреба да се фолира

Балканштина

Трезниот има илјада желби, пијаниот само една

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Ружно ви е името, затоа не си го знаете (edited X2)

Ем шуто ем боде

Онлајн феминизмот како ексклузивен Клуб на злобни девојки

Мајко моја, го имаме новиот „Кен ли“

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy