Се вика Умберто и е хит на социјалните мрежи во Италија. Последно од него е пораката до идолот Инсиње на кој му порачува дека ако го освојат скудетото, ќе држи диета. Ти се колнам му вика, а го игра и популарниот танц од Папу Гомез.
Еден од најголемите кошаркари на сите времиња доби анимиран филм снимен и произведен од врвните мајстори на материјата Глен Кин и Џон Вилијамс. Самиот Коби рецитира во цртаниот филм којшто е маестрален.
За преминот на Алексис Санчез во Манчестер Јунајтед се зборуваше две недели, а еден од главните херои на овој голем трансфер е аргентинскиот агент Фернандо Фелисевич.
Во Доха се игра Интерконтинентален Куп за играчи до 17 години, а меѓу екипите кои учествуваат се Милан, ПСЖ, Тотенхем и Фенербахче. Внимавајте што дриблер извади Бенфика. Се вика Хуго Нунес, роден 2001-ва. Малиот до толку ја сотре одбраната, што му дојде наплив на емоции кои го соборија да легне на земја.
Во четвртокот и петокот температурата во Мелбурн отишла и на +40 степени. Многу учесници на Australian Open се незадоволни што треба да играат по такви пеколни горештини.
На денешен ден во 1985 година, еден од најдобрите италијански фудбалери на сите времиња Паоло Малдини дебитирал за Милан. На мечот против Удинезе, 16-годишниот бек влегол како замена после првото полувреме и многу им помагал на големите Гали и Барези во одбраната. За 45 минути поминати на теренот со Паоло во тимот, Милан не примил гол.
Некогашното дете од школата на Манчестер Јунајтед денес го носи целиот прв тим во моменти кога на соиграчите не им оди баш најдобро. Го ашкаа по позајмици во втора лига за да се врати на „Олд Трафорд“ како зрел играч спремен за настап на Мундијалот 2018.
Откако жена му му поставила услов да направи хет-трик сезонава ако сака да чува куче дома, американскиот бек од Нотингем, Ерик Лихај сензационално со два гола го елиминираше Арсенал од ФА Купот, па тоа беше доволно да го вдоми малиот ’Ганер’.
„Тоа што го прави тој не го направил ниту еден политичар. Салах ги обедини сите - Мароканци, Тунижани, Саудијци, Кувајтци, жители на Емирати и Оман - сите го сакаат. Кога се случува некаков напад, Салах е единствен кои ги теши жителите и им дава надеж.
За да го разберете фудбалот на Пеп Гвардиола потребно е да го гледате малиот Јозуа Кимих - дете на Штутгарт којшто во моментов е најдобриот играч на Германија и Баерн Минхен. А му викале дека е мал и дека нема да успее.
Не е само Боксинг деј празник на кој Англичаните знаат да се изнапукаат со голови. Внимавајте како ја почнаа годината фудбалерите на Фулам и тоа со помош на дете родено 2000-та година за кое гризат Реал и Манчестер Јунајтед.
Во годината со која се поздравивме имаше многу настани кои ќе се раскажуваат уште долго време. Прошталните средби на Тоти и Чаби Алонсо, хет-трикот на Меси за пласман на Светско, смешниот Мамаду Сако, голманот на Мајнц и уште многу други.
Емануел Адебајор го посинил синот на неговиот постар брат Питер којшто починал во јули 2013-та. Некогашниот центарфор на Арсенал, Тотенхем, Реал Мадрид и Манчестер Сити за оваа хумана вест објавил на официјалниот профил на Instagram. Тоа е најдобар подарок за Нова година за малиот Џуниор.