Победникот во натпреварот за збор, односно канџи-симбол на 2023-та, го отсликува стравот од растечките даноци како и генералните поскапувања на жителите на Јапонија. Второто место е за симболот за „жешко“, што се должи на високите температура со кои се соочи земјата ова лето.
Википедија на англиски оваа година собра над 84 милијарди прегледи, според бројки соопштени од Фондацијата Викимедија, непрофитната организација која стои зад бесплатната и јавно уредувањата онлајн енциклопедија. Најпопуларната статија за оваа година, очекувано, се однесува на ЧетГПТ.
„Преговарајќи го мирот“ на косовскиот драматург Јетон Незирај покажува дека дипломатијата на мирот е фарса, иако често неопходна. Станува збор за драматизирани преговори за мир помеѓу фиктивните завојувани земји Бановија и Унмикистан, претставени како комедија, иако со горчливи тонови.
Иако над три милијарди луѓе зборуваат некој јазик од големото индо-европско семејство, точната локација од каде потекнал оној „прото“ - првиот, од кого постепено се развиле останатите, не е јасна. Тим истражувачи сега има нова теорија која ги помирува претходните две, до сега сметани за тотално спротивставени.
Ех, каков само тоа лик беше Зоки, жими Тантаров и све најдраго, вакво задруга-сценарио не можеше да обмисли ни оној култен битолски лик што седум пати се кандидираше за градоначалник, Спанаќот од Битола. Пранкеримне од Украина (на кои Зоќо им се јавуваше у 03ч после поноќи, па мораа да го одхебат) се мали деца за сценаријава на Заев, Забрчанец....
Oној ајван Зеленски мисли дека тој е главен само затоа што го има во насловот. А се знае, главен е оној што го нема во насловот. Како да речеме лошата вештерка. И онаа властољубива ороспија Снежана.
Пулицеровата награда се доделува на најдоброто од новинарството и уметноста, но ова второво често се маргинализира, а во ударните вести акцентот се става на новинарите и медиумите (оваа година Асошијетед прес и Њујорк Тајмс за известувањата од Украина). Да разгледаме што има и во „убавиот збор“.
До сега доминантна теорија беше дека Бонд, Џејмс Бонд, е всушност Попов, Душан Попов, двоен агент од Кралството Југославија, кому му е посветен романот „Есторил“ на Дејан Тиаго Станковиќ. Но бидејќи со тајните агенти многу работи се тајни, можно е Флеминг да имал барем уште една инспирација.
Откако поминала скоро година и пол во речиси целосна изолација 70 метри под земја, Беатриз Фламини излегла од пештера во јужна Шпанија и прашала - Кој части пиво? Додека била внатре прочитала 60 книги, немала поим што се случува во надворешниот свет и била „во контакт со себеси“. Ја разбираме зошто не ѝ се излегувало.
Кога човек ќе прочита дека на македонската Твитер сцена „дрмаат“ пет про-руски профили, не може да не се насекира дали оние десетици милиони американски долари за спречување руско влијание ќе бидат доволни да ги неутрализираат овие „мало нас је ал смо говна“ (бугарски: „малко сме, но сме лайна“) подмолни агенти. Не ги дознавме кои се, ама малку се занимававме со бројките.
Во Струга деновиве ќе престојува поет кој зад себе има интересна семејна историја и творештво кое било забранувано во неговата татковина. На младите поети им советува интелектуална љубопитност, но не и „работа“ во класичната смисла на зборот.
Украинските власти, заради големиот број сообраќајки, спроведуваат кампања, „Преземи контрола“. Главни авторитетни ликови во неа се - старите украински писатели.
Од многуте решета со кои деновиве низ Македонија северно-македонските мечкари плашат небањати мечки, нај-спуки е она решето кое нон-стоп штрака дека ако Македонија не влезе во НАТО у во ЕУ, ќе се случи граѓанска војна која ќе доведе до нејзин распад. Ај да си играме бајрам со умот, па да видиме што ќе се случи ако биде и таќе и оваќе.
За нас, од сончевиот југ, тоа да си во мрак и мрак да те облива е неприродна состојба, рамна на искушение или казна. А и генерално, архетипски темнината не крие ништо добро. Ама дојде време во неа да се бара спасот.