Откако изврши успешна обука на пилотски кадар од Арачиново и ги оспособи за безжичен пренос на електрична струја и СО2 екстракција на канабис од мешалка бетоњерка и све тоа без стручен надзор од Стојанче Керпич, Зоче закажал со Емануел и бабата прием во Елисејска Палата на Макрон, за Павле, Морачанин, Темелко Ристески (Темелко е сè што треба да знаете за Македонија), Елвис Бајрам, Земун, Кордула и Лука Павичевиќ.
На сите им ветил дека ќе може со бабата да поминат по 20 минути у овалната соба, а на Елвис му ветил и непречен пристап до рак собата со неограничени можности за крипто-рударење.
Ех, каков само тоа лик беше Зоки, жими Тантаров и све најдраго, вакво задруга-сценарио не можеше да обмисли ни оној култен битолски лик што седум пати се кандидираше за градоначалник, Спанаќот од Битола (Почина Спанаќо, лесна му земја) кој последниот пат кога се кандидираше како бонус за сите негови следбеници кажа дека ќе им го донесе Елвис Присли на Широк Сокак да пее само за нив.
Пранкериве од Украина (на кои Зоќо им се јавуваше у 03ч после поноќи па мораа да го одхебат) се мали деца за сценаријава на Заев, Забрчанец, појачани со оној за ПР што му беше на Шилегов и Коста Петров. Секоја чест, мора да им симнеме капа.
Одисејата на Павле, Елвис, Темелко и Морачанин на Елисејските полиња тука.
Рубин Гулабоски