Ако на мечот во Скопје минатата недела Вардар и играше некаква одбрана, таа вечерва во Полска речиси и да не постоеше. Преодна оценка не добија ниту голманите кои имаа слаба вечер. Кјелце - Вардар 1961 36:29.
Актуелниот европски шампион Вардар со тотално несреќно примен гол буквално во последната секунда ремизираше 25-25 (13-12) со Порто и за малку не запиша нова важна победа во Лига на шампиони.
Навивачите на ПСЖ не можеа да влезат на стадион на мечот против Борусија Дортмунд поради мерките кои се донесоа пред натпреварот да нема гледачи со цел да се спречи ширење на вирусот. Ама затоа се накрцаа околу стадионот и непрестано пееа песни. Една беше и многу позната мелодија кај нас.
Ситуацијата е таква каква што е, европскиот првак мора да се задоволи со 6. место, последно од групата кое води во следната фаза. А таму најверојатно ги чека стар познаник.
Ракометарите на Вардар катастрофално ја стартуваа новата календарска година во Лига на шампиони. Убедлив пораз од Кил на гости и тоа втор пат сезонава со идентична разлика од 11 гола.
Откако Вардар и натаму прави парче во Лигата на шампионите и откако завчера го совлада големиот фаворит на хартија, унгарски Веспрем, признание стигна и за одличниот Дибиров.
И покрај благиот песимизам меѓу навивачите во однос на изгледот на новиот Вардар, момците кои го носат „црвено-црниот“ дрес храбро се изборија за голема победа на стартот од Лигата на шампионите 24:27 (11:12)
Ракометарите на Вардар со целосно изменет состав влегуваат во новата сезона која што ја отворија на гостувањето кај актуелниот европски шампион Монпеље. Новиот голман, српскиот интернационалец Дејан Милосављев во првиот дел од мечот направи шоу!
Македонската радио телевизија, велат оттаму, не наишла на прифатлива понуда од ЕХФ Маркетинг за откуп на правата на пренос од ракометната Лига на шампиони, така што нашите претставници Вардар и Металург ќе ги гледаме на друго место.
Иако навидум изгледаше лесно што ете при еден моќен ПСЖ во полуфинале на Вардарци им се падна Монпеље, сепак нашиот повремен колумнист по кој знае кој пат излезе во право.
Со неверојатна игра во финалето против Нант на нашиот Лазаров, ракометарите на Монпеље славеа 32-27 и заслужено стигнаа до својот втор европски пехар. ПСЖ третопласиран откако минимално го совлада Вардар.
Монпеље и Нант се финалисти на годинашното издание на Ф4 во Келн. Европскиот првак целосно потфрли во сите сегменти од играта и за жал останува без историска шанса да стане првиот тим кој ја одбранил титулата.
Дваесет и три дена го чекаат Вардар до историскиот втор Фајнал Фор каде прв ривал во борбата за одбрана на златото ќе му биде тимот кој ја елиминираше Барселона во осминафиналето.
Ракометарите на Кил имаа 28:27 на 30 секунди до крајот на првиот четврфинален дуел од Лига на шампиони, но на крајот на семафорот стоеше конечни 28:29. Прво благодарение на Дибиров, а потоа на Македа кој ја искористи грешката на домаќините и со херојски гол од аут му даде крилја на Вардар за реваншот кој е закажан за 7 дена во Скопје. Тоа е кога си имаш работа со европски првак.