Во едиторијал под наслов „Impeach“, уредничкиот борд на Њујорк тајмс побара импичмент на американскиот претседател, со тоа приклучувајќи се на неколкуте проминентни весници кои отворено повикуваат на негово отповикување од функцијата.
Луѓето од Пентагон и Стејт департманот интензивно работеле што побрзо да ја вратат воената помош на Украина, но никако не можеле да договорат состанок со Трамп затоа што неговите соработници премногу биле зафатени во наоѓање начин како да го купат Гренланд.
Во понеделникот репрезентацијата на Украина го победи европскиот шампион Португалија со 2:1 и меѓу првите обезбеди пласман на Европско првенство 2020. „Жолто-сините“ играат многу убедлив фудбал, а ренесансата ја направи легендарниот Шева.
Откако излезе сведоштвото дека сега отпуштениот советник на Трамп, Џон Болтон го нарекол Џулијани „рачна бомба“, овој вториот побрза да врати дека Болтон бил „атомска бомба“. Тие што гледаат од страна се надеваат дека Болтон ќе „пукне“ во претстојниот импичмент на Трамп.
По примерот на Манчестер Јунајтед, и Милан докажува дека кога еден гигант ќе го допре дното, многу е тешко да се врати на старите патеки на успехот. Со години росонерите не можат да се опорават, а нов шамар синоќа им залепи Фиорентина предводена од ветеранот Рибери.
Во свет каде со фудбалските клубови владеат азиски инвестициски фондови, играчите менуваат клубови како чорапи и нема никаква романтика, приказната за Монца е убава бајка која не знаеме дали ќе има среќен крај.
Политиката никако не престанува да се меша во спортот. Последен ваков случај доаѓа од Украина каде долгогодишен репрезентативец бил избркан од националниот тим поради тоа што игра во руски клуб.
Неговата игра не можеше да се опише со зборови, неговиот стил беше неповторлив а „Златната топка“ освоена во 2004-та стана признание за неговата уникатност.
Трамп ни приближно не е првиот Републиканец кој јавно ја преиспитувал потребата од постоење на НАТО, пишува Питер Беинарт во анализа за Атлантик, потсетувајќи дека членството во НАТО, за жал, нема клучна врска со демократијата во таа земја. Во име на некој нов грант за борба против 'сè помоќниот непријател', ги чекаме Борјан и Орданоски да го прогласат и Атлантик за руска пропаганда.
„Трескавичното бладање на либералите на тема Трамп-Русија достигна статус на пародија“ е насловот на колумната на Метју Валтер во магазинот Вик, инспирирана од обемната главна сторија на новиот број на Њујорк магазин, чиј краен заклучок е дека актуелниот американски претседател од 1987 е агент на руската влада.