Надја Бретон е писателка и поранешна стриптизета, на која ѝ е преку глава од тоа да ја спасуваат. И збеснува кога една група жени успеваат да затворат стриптиз клуб во Лондон под изговор дека ги спасуваат вработените.
Сезонава Фабио Кваљарела се исправи како борец - не многу разговорлив, неизбричен и уверен. На 22 меча постигна 23 гола и стана ударна игла во нападот на препородената Сампдорија со нејзиниот тренер Марко Џампаоло. Но патот до тука му беше пеколен.
Во петокот инвеститорите на Вол стрит почнаа да паничат и во ист стил го затворија денот. Првиот следен работен ден, понеделникот, паниката на американската берза се претвори во потоп, и денот беше затворен со намалена вредноста од над 1.000 поени, најголем пад во историјата на Дау џонс индексот. Нејасното е - како ова се случи?
Уште под паника дека ќе ни се повтори расколот од фустанот (бел ли е, тегет ли е) објавуваме две фотки кои според авторот, докази и Фотошоп анализи се иста идентична фотка. Проблемот е што, не е така, две различни фотки се. Или не се.
Републиканците од Разузнавачкиот комитет на Конгресот објавија меморандум на шест страни кој обелоденува тајни информации за работата на ФБИ во истрагата против Трамп и пропустите што Федералното биро ги има направено.
Oд моментот кога Спилберг го прочитал сценариото, до премиерата, поминало помалку од една година. Итноста на темата, за републикански претседател кој води војна со медиумите, ги мотивирало сите во екипата не само да побрзаат, туку и одлично да ја завршат работата.
Сè што организирано е против Трамп не може да дочека конечно да се докаже целата афера околу руското мешање во американските избори и победата на Трамп, нешто што исто така може да се толкува како колективен мелем за стравот и паниките од времето во кое се најдоа и сите промени што се случуваат. Исто така веројатно е и дека е претерано со доделувањето супермоќи на Путин и неговата способност за глобален куклар.
Во пресрет на утрешните протести на грчката десница за името, во Солун во ист момент е закажан уште еден настан - бесплатен фотошоп семинар, само за православни Хелени. Програмата може целосно да се преземе и за некој наш едукативен собир од сличен тип.
Како прво ќе ги закрпи за 5 милијарди долари а како второ ги носи на федерален суд за да платат за штетата што ѝ ја имаат направено на климата на Њујорк и здравјето на неговите граѓани.
Уредот што во текот на денот ти е повеќе време во рака отколку што било друго те оглупавува, те прави анти-социјален и е штетен за твоето здравје, се заклучоците од се поголемиот обем на научни докази дека дигиталните дистракции го оштетуваат нашиот мозок.