Шест ипол години по најголемата нуклеарна хаварија после Чернобил, роботите на јапонските инженери успеале да ја лоцираат стопената лава од ураниумското гориво на најоштетениот реактор на централата. Ние ги замислувавме Јапонците некако поагилни.
Иако во Зимбабве во моментов владее тотална конфузија околу статусот на Роберт Мугабе, извесно е дека ни тој ни неговата амбициозна сопруга нема да ја водат земјата. Пред да му се израдуваме на братскиот народ што се ослободи од диктаторот кој 37 години се залепи за лидерската фотеља, да видиме кој тоа го наследува.
Во земјата зафатена со глад, колера и граѓанска војна се случува незапамтен помор на дечиња. Нивната смрт е уште побесмислена затоа што може да биде спречена. Ама, клучот е во рацете на најверниот сојузник на Запад, Саудиска Арабија.
Еден од најголемите предизвици на југословенското кралство беше културно-просветната политика на Македонија и на Косово (т.н. Јужна Србија), имајќи предвид дека едвај петтина од тамошното население беше функционално писмена, а за познавањето на „официјалниот јазик“ не се ни зборува.
На Патриша Аркет одеднаш ѝ текна дека на времето филмскиот режисер Оливер Стон ѝ пратил букет ружи. Што ѝ било чудно. А другпат пак, ја прашал, „што вака со дечко?“ И ете ти sexual harassment.
До сега, најголемиот дел од вас слушнаа за т.нр анти-разноликост манифест на Гугл и како Џејмс Дамор, инженерот што го напиша беше отпуштен од работа, пишува во својот текст за Глоб енд меил, Дебра Сох, докторка по сексуална неврологија од Универзитетот Јорк.
Додека го полните куферот со неопходните работи за годишниот одмор и се мислите дали ќе ви требаат три или четри пара чевли, јакната доколку заврне или пак лаптопот ако ненадејно имате неодложна работа да завршите...помислете дека патувањето не секогаш треба да го нуди комодитетот од дома.
Од неделава Уругвајците можат да влезат во која било аптека во земјата и да купат владина марихуана по загарантирана цена од 1,30 долари по грам. И не ти треба никаков рецепт за тоа.
За време на расправата околу малтешкото претседателство со Унијата, претседателот на Европската комисија, Јункер, го нарече Европскиот парламент "смешен", откако во салата не се појавија ни 5% од парламентарците.
Ако им спомнете тепање на децата, повеќето родители од прва ќе ви речат дека се против физичко казнување. Но, ако им понудите некоја поблага терминолошка алтернатива (на пример, плескање по газето), нивната педагошка палета веќе станува „поинклузивна“.
Реџиналд „Филди“ Арвизу, стандардниот басист на легендарната група не можел да стигне на закажаната јужнамериканска турнеја. За среќа, нашле замена. А и некој во Металика ќе знае дека син му е на прав пат.
150.000 долари на ден е проценетиот (заокружен) трошок на градските власти за обезбедување на сопругата и најмалиот син на американскиот претседател додека се во Њујорк. А таму ќе бидат се додека малиот не заврши со школо.
Рамбо Амадеус дури и за општата изборна демократија предлагаше да се воведе некој базичен тест за интелигенција, за некако да бидеш посигурен дека оние што ти гласаат пратеници и влада имаат појма што прават. Исто е и со онлaјн коментирањето, само што, за среќа, тоа е полесно да се спроведе. Инаку, под нашиве текстови ќе требаше да читате типови како Никола Наумовски.
Доналд Дамб немал време да го прочита целиот извештај на неговиот наци-советник Стив Бенон пред да го послуша и да ги воведе рестрикциите за влез во земјата, но немал проблем натенане да прочита каталог од 17 страници за завеси, драперии и други битности.
Татко од Канада кој беше осуден затоа што го убил синот лечејќи го неговиот менингитис со бабини деветини, продолжува со семејниот бизнис за продавање "природни суплементи кои се вистинска алтернатива на фармацевтските производи".
Пред помалку од 10 месеци спротивставувањето на Доналд Трамп беше еден од најблагодарните и патриотски потези што еден републиканец може да ги направи. И во тоа време голем број високопласирани републиканци не му премолчеа на кандидатот. Ама, дали пред, дали по изборите, добар дел од нив отидоа на бакни-рака кај новиот претседател на САД.