Респектабилната Фејсбук страница „Istorija ex yu fudbala“ нè отвори со последната објава. Се обиде да ги избере најдобрите 11 на Македонија на сите времиња. Изборот воопшто не им е лош и покрај коментарите.
Македонскиот репрезентативен фудбал денеска одбележува 30 години од своето добро познато деби во Крањ. Ќе се потсетиме на незаборавната победа, ама да ѕирнеме и некоја фотографија од тие времиња, како и од досегашните одбележувања на тој историски датум.
Европската куќа на ракометот по повод 30 години од своето постоење, ја отвори Куќата на славните во која влегоа 60 големи имиња кои оставија голем траг во ракометот. Меѓу нив и нашата најголема легенда.
„Едната е големо трпение и создавање играчи и резултатите ќе бидат неизбежни ако продолжиме вака да работиме. Втората опција е ако сакаме успех, да натурализираме 2-3 квалитетни играчи. Јас сум спремен и на двете опции“.
„Се надевам дека репрезентацијата нема да има големи последици, затоа што сè она што го градевме изминативе 15 години, оние резултати кои се боревме да ги достигнеме, не би сакал да видам некој поради лични ега или комплекси да ги сруши и да ја донесе Македонија на ниво каде што беше пред 15 години“.
Во разговор за порталот „Независне“ од Бања Лука најдобриот стрелец во историјата на Лигата на шампионите кој наскоро ќе го даде и 1.200-от гол во елитното друштво дава интересни одговори.
Македонскиот менталитет е многу тежок за сфаќање. Цела есен имаше плачки за цените кои ги стави Вардар во ЛЕ (за кои и треба да се има разбирање дека се високи), а сега на Градски има публика како да играат пријателска Младост Кундино и Огражден Иловица.
Во претпоследното коло од квалификациите за Светско првенство 2018, македонската фудбалска репрезентација забележа историски резултат откако ремизираше со Италија на гости 1-1 (1-0).
Во сета оваа ракометна треска се појавија и двајца дунстери на кои спортот по се изгледа им е мистерија. Тие што не пратат спорт, обично велат ја појма немам од спорт, ама па не се решиле ниту да го постават најпростото прашање. Во кој спорт се натпреварува Рк Вардар?
Со голот на Лука Циндриќ во последната секунда, Вардар оствари сензационална победа против Барселона 26-25 (13-12) и влезе во големото финале каде ќе игра против ПСЖ.
Македонските репрезентативци Борко Ристовски и Кире Лазаров во сабота со почеток од 18 часот одат на мегдан со Вардар. Прв Фајнлфор за Борко и Вардар, петти за капитенот на Македонија. И двајцата ракометари на Барселона со слични изјави дека вакви натпревари не можат да се предвидат.
Некогашниот македонски репрезентативец којшто се прослави со игрите за Спартак Москва во Лигата на шампионите денес е фудбалски фриленсер, слободен работник кој на Спартак Москва за во Лигата на шампионите ѝ нуди талентиран фудбалер од Вардар.
Којзнае што ќе се случеше ако нашиот напаѓач лани не постигна гол во 89’ минута од мечот Спартак Москва - АЕК Ларнака на новата „Откритие Арена“ во Москва и не го потпишеше отказот на Димитри Аленичев после кој во клубот дојде некогашен тренер на Јувентус.
Во третото коло од квалификациите за Европското 2018 во Хрватска, ракометарите на Македонија ги победија „рибарите“ од Исланд 30-25 (15-13) и се на добар пат кон ЕП.
Праксата на новиот селектор Игор Ангелосвки да им дава шанса на младите фудбалери ќе продолжи и на пријателската против Белорусија која утре се игра од 18 часот во Скопје.
Македонската фудбалска репрезентација по цели шест години оствари победа на гостински терен. Вечерва во Вадуз, „црвено-жолтите“ го добија Лихтенштајн 0:3 (0:1) и ги освоија првите три бода во групата Г.