Сејо Сексон од Забрањено пушење замислува како денес би се развивала ситуацијата со двајцата култни ликови од нивната песна кои пред 30 години откриваа дали море је провод, дали море су коке. "Песната денес би имала тажен хепиенд", вика Сексон.
На еден од оние џиновски булдожери му се дупнува (или како и да се оштетува) гумата, по што завршува на поправка. Процедурата наликува на операција на човек, ама за разлика од операција е чисто уживање да се гледа. Доброто е што гумата има гаранција од 4.000 работни часови, па ова не се така чести поправки.
А на дечкото му текнало да ги најде сите места во Лондон на кои се направени омоти на реге плочи и од тие фотографии да направи книга. Погодете колку пари собра?
Жителите на оваа улица јавно го повикуваат проектантот, градоначалникот и инвеститорот да изнајдат начин проблемот со поплавувањеда биде разрешен (на време, додека сè уште се прави). Во спротивно ќе се потврдат мислењата дека странските донатори перат пари во државата а институциите на системот градат колку за да се рече дека се гради.
Јас, Јане, жител на општина Гази Баба, од населбата Ченто, имам едно прашање првенствено до нашиот градоначалник, а индиректно и до градоначалникот на град Скопје поврзано со патната инфраструктура во мојата општина. Прашањето е: Доколку планирате повторно да се кандидирате за градоначалник, врз основа на што ќе го побарате мојот глас како жител на населбата Ченто?
Пред извесно време бев блокиран од страна на несовесно паркирано возило. Кога побарав од вработените во катната гаража да интервенираат, ми беше кажано дека не постои ниедна служба и никаков начин да се интервенира, туку морам да чекам несовесно паркираниот возач да дојде, после што чекав 3 часа за да ја напуштам катната гаража. За утеха ми кажаа дека не му е прв пат и дека претходниот пат морало доктор да оди на операција со такси.
Дремење на Јутјуб е следниот логичен чекор во еволуцијата на губење време откако по телевизијата, и сериите дојдоа на статус "нема ништо интересно за гледање". Ваквиот развој на настаните го приметивме кога се фативме себе си дека сме се претплатиле на над 30 Јутјуб канали. Денес ви го претставуваме Ози мен ривјус, како што името кажува дечково е Австралиец, како што името не кажува дечково е феноменален во коментирање / рецензирање.
Човеков се вика Џими Нелсон и веќе над 30 години фотографира племенски и домородни луѓе. Ова го прави најпоштено, оди сред Африка, сред Монголија или сред која било друга недојдија и ги фотографира мештаните. Она што го кажува го има научено од тие што ги снима.
Сакате во природа? Вака се оди во природа. Иако, ова треба и по град да си го влечкаш, па, кај ти дојде. Особено пред оние шема кафичи. И да им фрлаш коски.
Пак Чезена, пак 1.000 музичари, пак една песна, пак да не ти се верува како божествено моќно ова изгледа. Минатиот пат беа Фу Фајтерс на репертоар, сега се Вајт Страјпс.
Америка, што ти е бе проблемот? Јас сум Хилари Клинтон. Јас сум политички вуднеркинд, и тоа сум уште од 16 години. Имам ненормална мрежа на моќни пријатели. И спремна сум следните 8 години да ги минам справувајќи се со срања од сите страни, сè за да можам да ја средам ебанава држава за тебе. А сè што треба да направите вие е еден ден во ноември да го мрднете газот.
Секако, тој го научи светот многу нешта - како се пишува, и пред сè, како треба да се чита. Но неговиот придонес се прелева и вон книжевноста. На пример во фаќањето туни на Карибите, ловењето крупен дивеч во Африка, или во фината област на алкохолите.