Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Естрада плус.
Во последно време работите за неа на професионално поле одат со огромна брзина по нагорна линија. Многу настапи, гостувања по емисии, а и награда на фестивалот МАРС… Ова едноставно е добра година за Наташа Малинкова.
Таа одлично жонглира со обврските, па успева да зготви, да одвои време за вежбање, да појде на работа, да биде свежа на настапите и да биде одлична мајка на своите две ќерки.
Покрај посветена, Наташа е и забавна мајка, а доказ за тоа е последното видео што го објави на социјалните мрежи. Таа во својот дом со помалата ќерка пее и танцува енергично, а се гледа дека нејзината ќерка го наследила талентот за пеење од неа.