Кога денеска би го направиле тој пичвајз на пат и би се зарокале во полиција, Пишоња и Жуга би ги повикале своите богати татковци кои во меѓувреме станале високи партиски функционери, бидејќи обично од редовите на камионџиите и сличните структури ни доаѓаат денес политичките шефови. После тоа би следувал медиумски удар дека инцидентот политички се подметнува и дека репресивниот апарат преку децата сака да се пресмета со политичките противници. Пишоња и Жуга после 15 минути би биле на слобода и во прилика повторно некого да згазат, онака саботно, кога после кафана со народњаци би им текнало да шпартаат по улиците на Белград, Загреб, Сараево... небитно каде. Така приказната за нив, во секој случај денеска би имала тажен хепиенд.