Неговата игра не можеше да се опише со зборови, неговиот стил беше неповторлив а „Златната топка“ освоена во 2004-та стана признание за неговата уникатност.
По фантастичното Светско првенство, најдобриот фудбал ќе продолжи преку натпреварите во Лигата на шампионите и Лига Европа. Ждрепката во Монако донесе неколку мега дуели.
Украинските власти, заради големиот број сообраќајки, спроведуваат кампања, „Преземи контрола“. Главни авторитетни ликови во неа се - старите украински писатели.
Стрелецот на вториот гол за Хрватска, стоперот Вида и членот на стручниот штаб Огњен Вукојевиќ синоќа снимиле видео во кое ја величаат Украина што Русите го сфатиле како провокација. Двајцата долго време играа за Динамо Киев, едниот седум години, другиот пет па затоа ваков излив на емоции за Украинците кои во квалификациите за Светско испаднаа токму од Хрватска.
Народниот пратеник од партијата БПП (Блок Петро Порошенко) и претседател на фудбалскиот сојуз на Украина, Андреј Павелко се најде во центарот на скандал откако ѝ дал на ќеркичката да игра со пехарот од ЛШ.
Нема веќе чуда, судбината му сврте грб на Хамбург - дојде крајот на една ера обележана со часовникот на „Фолкспарштадион“ - дигитален тајмер инсталиран во 2001 којшто до денес означуваше 55 години непрестано учество во Бундеслигата.
Срамниот обид за поголема заработка на дел од скопските сместувачки капацитети пред мечот од Супер Купот меѓу Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид е „мала маца“ во споредба со она што деновиве се случува во Киев.
Украина ја прекина истрагата околу Пол Манафорт, еден од главните осомничени од Роберт Мулер за руското мешање во американските избори, откако претходно администрацијата на Трамп одлучи на земјата да и продаде оружје за нејзиниот конфликт со Русија.
Роден на 15. декември 1996 година, младиот Украинец Олександр Зинченко беше член на Шахтјор Донецк, а потоа замина во рускиот тим Уфа. Во јули годинава Сити го купи и во август го позајми во ПСВ Ајндховен каде Украинецот потсеќа на Меси.
На 21 ноември 2013 на плоштадот Мајдан во Киев почнаа протестите против украинскиот претседател Виктор Јанукович. Крајниот епилог беше жртви меѓу демонстрантите и безбедносните сили, бегство на Јанукович во Москва, запленување на неговото богатство, комплетен пад на неговата влада и избор на нова влада.
Околу 25.000 навивачи на арената Филип Втори синоќа се израдуваа вкупно шест пати. Два пати станаа за головите на Македонија и четири пати за головите на Украина која без да брка пласман на Европско го потопи Исланд на гости 2:4. Фала им уште еднаш и да видиме како изгледаше тоа пердашење без кое ќе немаше лудории кај нас.
Менаџерот на Јаја Туре, Димитри Шелук ја продолжи вербалната војна со тренерот на Сити за кого изјави дека кога Туре си одел од Барселона во Сити му рекол: Не оди во тој срање клуб. Пеп бара извинување во спротивно Туре нема да го види зелениот терен цела сезона.
Вечерва во Нион се извлече ждрепката за новата сезона во Лигата на шампионите. Во групната фаза ќе гледаме неколку мега дерби средби како тоа меѓу Атлетико - Баерн и Реал - Дормтунд.
Украинците, поточно Украинките имаат традиција на создавање на круни од цвеќе, кои ги носат млади, немажени жени со цел да ја покажат својата "чистота" и подобност за брак. Круните се чисто филигранство со цвеќиња и останати растенија. Едно студио, Трети Пивни, одлучи малку да ја воскресне традицијата.
Сп 70% посед на топка и 25:2 во шутеви во рамки на гол, Светскиот првак целосно доминираше на мечот против Северна Ирска кој го доби само 1:0. Со идентичен резултат заврши и средбата меѓу Украина и Полска.
По тешки услови поради град на новиот стадион во Лион, Северна Ирска ја забележа својата прва победа на едно Европско првенство откако со 2:0 ја совлада бледата Украина.
Со головите на Мустафи и Швајнштајгер, селекцијата на Германија славеше против Украина во вториот меч од групата Ц, каде денеска и Полска стигна до бодови. Украинците пружија отпор, но немаа гориво за повеќе.
Во 2014. година во Украина започна граѓанска војна која уништи многу животи, а многу други ги спаси фудбалот. Војната во Донбас уништи домови, пријателства и разни спортски колективи. Еден клуб успеа стоечки да ги издржи сите маки и продолжи да игра фудбал.
На последниот меч за украинскиот гигант, најдобриот романски тренер во историјата денес го освои 22-от трофеј со Шахтјор Доњецк откако со 2:0 ја совлада Зорја.
Попладнето на 23-ти декември, десетици илјади жители на Киев и западните делови на Украина остануваат без струја. На техничарите им требаа повеќе од 6 часа за повторно целосно да ја вклучат струјата. За безбедносните сили нема сомнеж дека целата работа е дело на Русите.