После 12 години Мирчеа Луческу го напушта Шахтјор

На последниот меч за украинскиот гигант, најдобриот романски тренер во историјата денес го освои 22-от трофеј со Шахтјор Доњецк откако со 2:0 ја совлада Зорја.

Денешното финале на Украинскиот Куп беше последниот натпревар на легендарниот романски тренер Мирчеа Луческу. Луческу го презеде Шахјтор Донецк во мај 2004. година. Преку 12 години со него на чело, украинскиот тим одигра 573 натпревари и освои дури 22 трофеи.
 
Романецот е најзаслужен за 8 титули во домашното првенство, а „Рударите“ со него освоија и 6 купа и 7 Супер купа. Најголемо остварување во кариерата на Луческу беше освојувањето на Купот на УЕФА во 2009. година кога Шахтјор ја покори Европа со маестрални настапи.
 
Мирчеа Луческу е рекордер по бројот на натпревари на кој седел на клупата. Украинскиот фудбалски сојуз 8 пати му ја доделуваше наградата најдобар тренер на оваа земја.

Во 2011. година богатиот клуб му отвори плакета Златна ѕвезда во просторијата на славните близу Донбас Арената во Доњецк. Навивачите на Шахтјор на социјалните мрежи му заблагодаруваа на Романецот за се што направи со клубот кој со него стана гигант од европски рамки.
 
Луческу ја започна богатата кариера во далечната 1979. година како тренер на романскиот Корвинул Хунедоара. Пет години беше романски селектор, а потоа ги водеше и Динамо Букурешт, Пиза, Бреша, Реџана, Рапид Букурешт, Интер, Галатасарај, Бешикташ и Шахтјор.