И покрај неуспехот во 2. коло каде испадна од АПОЕЛ, македонскиот шампион ќе инкасира 550.000 евра колку што дава УЕФА за оваа рунда квалификации за Лига на шампиони.
Тренерот на Вардар темпераментно одговараше на новинарските прашања по мечот со АПОЕЛ и изјави дека се брани и еден Јувентус, а не само актуелниот македонски шампион.
Вардарци вечерва имаа ветер од над 20.000 гледачи, одлична поддршка и позитивен резултат од првиот меч, но не успеаа да го минат кипарскиот АПОЕЛ кој со 1-1 оди на данскиот Митјиланд.
Гостите од Кипар влегоа во судир со редарите и полицијата откако на околу половина час пред почетокот на мечот извадија грчко и српско знаме. Туркањата почнаа откако службите за безбедност одлучија да им ги одземат.
Фудбалерот на АПОЕЛ, Томас де Винсенти на својот Инстаграм објави фотографија со натпис дека тимот пристигнал во Македонија, што предизвика (не)очекувана реакција кај навивачите на кипарскиот клуб.
На 23 февруари годинава на мечот Наполи - Сасуоло, Давиде Маса одбележа јубилеј од 50 натпревари како главен арбитар во Серија А, а од минатата година суди и во групната фаза од Лигата на шампионите.
Македонскиот првак успеа да извади позитивен резултат во второто квалификациско коло за Лигата на шампионите откако одигра 0:0 против Апоел на гости. Најзаслужен што имаме активен резултат на реваншот е Томе Пачовски.
Во обид да стигне до третото квалификациско коло, Вардар ќе мора да го помине најтрофејниот кипарски клуб кој пред четири години стигна дури до четвртфиналето од Лигата на шампионите.