Одиме со мала пауза на тема репрезентации и се селиме во втората шпанска лига или поточно во канарското дерби Тенерифе - Лас Палмас каде се случи кикс на сезоната. Голманот на Тенерифе изгледаше имаше ласер во око или па за момент помисли дека игра одбојка. Трето нема.
Пет различни стрелци учествуваа во петардата на Каталонците против Ференцварош. Меѓу нив е се разбира Меси, потоа хитот Фати, ама сите зборуваат за Педри, нов клинец кој е само 25 дена постар од Фати и кој со такви си отиде дома.
Ама секоја сезона е ова дечки и тој што е заразен со шпанско и спортска, сигурно забележува. Велат кладилниците го вртат фудбалот и сешто може човек да помисли, па зошто да не и една диригирана шема на високо ниво за големи пари м?
Ќе речеш Супер куп е, не толку вреден трофеј, ама погледне ги овие имиња, навивачкото ехо, емоциите на коментаторот. Супер интересно дерби од супер возбудливи времиња за италијанскиот фудбал. Хајлајтс со многу драж.
Шампионот на Шпанија од 2000-та, клубот за кој играа Рој Макај, Диего Тристан, Валерон, Пандијани, Ривалдо, Мауро Силва, Консеисао, Ѓукиќ, Молина, Џалмиња и други, од следната сезона ќе игра во шпанската трета лига.
Нетфликс и другите титани на филмската продукција сериозно би можеле да подразмислат да снимат документарец или игран филм за животот и делото на Анхел Кореа, Аргентинецот од Атлетико Мадрид.
Хрватот Ален Халиловиќ (23) до пред некоја година важеше за ултра талентиран фудбалер. Барселона го доведе на 16 години, ама Хрватот не успеа да се докаже на „Камп Ноу“ па почна бескрајна авантура. Го позајмуваа во Спортинг Хихон, во Лас Палмас, во Хамбургер, пред да дојде во Милан. Не се снајде ни на „Сан Сиро“ па го позајмија во холандски Херенвен. Пред неколку дена го дал првиот гол сезонава, а неколку минути претходно направил р’шум во подтрибинскиот бар.
Бонг Џун Хо го опишува својот филм за класните разлики како „неутрален“. А себеси се гледа пред сè како сценарист, кој едвај чека да помине целата ука-бука околку Оскарите, за да може да почне да работи на нов проект.
На 28 декември се навршија век и две децении од прикажувањето на првиот комерцијален филм на светот. Кој знае како би реагирале браќата Лимиер да знаат што се случило во меѓувреме.
Млеко, масло, вода, во таблети - кокосот го има каде и да се свртиш, и сите те убедуваат дека тој е добар за здравјето. Еден човек во својата опседнатост со овој плод отишол малку подалеку, цели 17 години јадејќи само кокосови ореви. Неговата судбина е опишана во роман, кој оваа година беше преведен на англиски.
Музиката од шпицата и ликовите на Тихи, Прле и Марија се длабоко врежани во спомените на оние кои на времето ја гледаа црно-белата серија, во која супер-хероите беа скоевци во окупираниот Белград. Ретко кој знае кој е автор на серијата, односно на книгата врз основа на која е правена таа.
Бенитез го престигна Луис Енрике на табелата и ужива во одбраната која дури во петтото коло го прими првиот гол. Кејлор Навас требаше да замине, а го сруши рекордот на Касиљас. Барса има проблем со голманите.
Ај што едвај ја победија Малта 1:0 со гол со рака на Грацијано Пеле, се обидоа да изнудат и непостоечки пенал. Поточно, фудбалерот на Лацио Антонио Кандрева ги покажа своите глумечки способности.
Извлечен е календарот и паровите во шпанската Примера, каде Реал Мадрид и Атлетико ќе имаат лесна задача во првото коло, а Каталонците ќе гостуваат на секогаш тврдиот Сан Мамеш.
Добитникот на Нобелова за книжевност од 1999, писател, поет, драматург и скулптор препознатлив по неговите моржовски мустаќи и лулето, почина на 87-годишна возраст. Зад него останува значајно книжевно дело, но и живот, кој особено при крајот, беше обележан со контроверзи.