Со плејоф натпреварот меѓу Могреб Тетоуан и Оукленд Сити, денеска започнува турнирот на кој во Мароко ќе играат уште и Реал Мадрид и Сан Лоренцо како прваци на своите континенти.
Покрај ветените премии и бонуси за успешната сезона лани во ЛШ, кога Реал ја освои јубилејната 10. титула, фудбалерите на кралскиот клуб сега добија и скапоцени часовници. Мадридскиот клуб вчера убедливо ја победи Корнеја во купот и се пласираше во 1/8 финалето.
Фаворитска вечер на отворањето на 4 коло од Лигата на шампионите. Славеа Реал Мадрид, Базел, Атлетико Мадрид, Јувентус, Дортмунд, Леверкузен и Бенфика. Реми на Емирати меѓу Арсенал и Андерлехт.
Во Реал Мадрид продефилираа 15 тренери и 5 претседатели, а за Ла Децима се чекаше 12 години. Сето ова од играчкиот кадар го издржа само Икер Касиљас кој годинава атакува на четвртиот пехар во најелитното клупско европско натпреварување.
Натпреварот кој важи за круна на минатата сезона од европските натпреварувања му припадна на големиот фаворит Реал Мадрид, кој со двата гола на Кристијано Роналдо ја совлада Севиља и го смести вториот пехар во своите витрини од Супер Купот на Европа.
Рекордерот по освоени титули во Лигата на шампионите мораше многу да чека, да менува, но најмногу да купува за да стигне до јубилејната 10-ка. Двајцата претседатели Флорентино Перез и Рамон Калдерон таа ги чинеше 1,1 милијарда евра за засилувања.
Финалистите во најелитното клупско европско натпреварување патуваа осум месеци и одиграа по 12 натпревари за да го заверат најпосакуваниот билет. Ова ќе биде прва мадридска пресметка во завршницата, 13-то финале за фудбалерите на Реал Мадрид и само второ за Атлетико.
Борусија Дортмунд се наоѓаше на чекор до изненадување против Реал Мадрид, но не успеа да ја надомести негативата од првиот натпревар. Во полуфиналето се пласираше и четата на Мурињо кој го надитри ПСЖ.
Жозе Мурињо нема да треба да стравува од најопасното оружје на Парижаните кој се повреди на првиот дуел, но неговиот тим е под притисок да брка 2:0 за полуфинале. Во уште понезавидна ситуација се „Милионерите“ кои ќе се молат повторно на ланските четири голови на Ледандовски.
Фудбалерите на ПСЖ ја добија првата битка против Челси и со солидна предност од 3:1 ќе патуваат на реваншот во Лондон. „Кралевите“ беа уште поубедливи и со 3:0 му се одмаздија на Борусија за ланскиот пораз, со што направија важен исчекор за пласман во полуфиналето.
По синоќешните 1:1 на синоќешните две средби, се очекува голема неизвесност и на другите две четвртфинални двојки од ЛШ. Реал Мадрид има многу причини за да им се одмазди на „Милионерите“, а Мурињо по 10 години се враќа на „Паркот на принцовите“ со истиот тим.
Дидие Дрогба по две години се враќа на „Стемфорд Бриџ“ каде по оние 1:1, ќе се обиде да го елиминира тимот со кој го подигна пехарот во ЛШ. На втората пресметка „Кралевите“ ќе имаат само тренинг меч против Германците кои имаат негатива од 6:1.