На Реал не му оди со дебитантите во Примера

Кралевите викендов му гостуваат на Еибар, натпревар кој според статистиката нема да им биде лесен.

Фудбалерите на Реал Мадрид се фаворити на овој дуел, но ако се погледне историјата на нивните пресметки против екипите кои доаѓаат од втора лига и не се баш фаворити.

Во последните 24 години нивниот скор против дебитантите во првата шпанска лига на гостински терен е три порази, пет нерешени и само три победи.

Реал на последното вакво гостување успеа да победи, кога тренер им беше Мануел Пелегрини, а тоа се случи на средбата со Ксерез кога триумфираа убедливо со 3:0.

На Еибар кој е формиран во 1940 година, воопшто не му оди лошо во првата сезона во Примера и се наоѓа точно на средината на табелата. Викендов тие ќе се обидат да му направат изненадување на големиот противник и да ја задржат неговата лоша традиција

Резултатите на Реал Мадрид на гостувањата против дебитантите во последните 24 години:

1990/91
Реал Бургос – Реал Мадрид 2:1

1991/92
Албасете – Реал Мадрид 1:3

1994/95
Компостела – Реал Мадрид 1:1

1995/96
Мерида – Реал Мадрид 2:2

1996/97
Екстрамадура – Реал Мадрид 0:0

1998/99
Виљареал – Реал Мадрид 0:2

1999/00
Нумансија – Реал Мадрид 0:0

1999/00
Малага – Реал Мадрид 1:1

2004/2005
Гетафе – Реал Мадрид 2:1

2007/08
Алмерија – Реал Мадрид 2:0

2009/10
Ксерес – Реал Мадрид 0:3

20 ноември 2014 - 22:46