Убава и голема беше синоќешната победа на Македонија против Словенија која котира 11 места погоре од нас на ранг листата на ФИФА. Пред сè поради тоа што и покрај тешкотиите кои следат, сепак остануваме во игра за пласман на ЕП. Капитенот на Вардар го величи нашиот фудбалски бисер.
Од материјалите на легендарниот Ивко Панговски кој почина вчера на 88 години имаме и нешто необјавено. Тоа е всушност негово истражување за создавањето на македонскиот фудбал и сè она што следувало и ќе остане запишано како фудбалска историографија. Од првата топка до првата спортска новинарка.
Македонската фудбалска репрезентација успешно ги мина воведните два меча од квалификациите за ЕП 2020. Оваа селекција заедно со селекторот и стручниот штаб знае како да се мотивира и на тренинг и пред и после натпревар. Гестови кои ја одржуваат репрезентацијата во живот.
Силекс - Ренова, 3 март 2019. Натпревар од македонската прва лига. Добро е да напише бидејќи некој може, односно сигурно ќе помисли дека ова е селски фудбал, а не прволигашки.
Најголема македонска фудбалска колонија има во Словачка каде нашите момци играат сосема солидно. Покрај стандардните од Топ5 лигите, имаме претставници и во Романија, Израел, Швајцарија, Унгарија, Бугарија, Грција....
Одиме со твитот на денот во контекст на скандалозната судиска одлука на штета на Вардар на гостувањето против Шкендија. Три дена поминаа и никому ништо за голот кој го виде цела Македонија освен судиите. Шкендија победи 1:0.
Предводникот на македонскиот национален тим Чедомир Јаневски повика 21 фудбалер меѓу кои две нови имиња за последниот контролен натпревар пред квалификациите за Мундијалот во Бразил кои продолжуваат во септември.
Според сите анализи, но и според кладилниците, екипата на Вардар е најголем фаворит за одбрана на титулата во 22. сезона од Првата лига на Македонија во која пола лига ќе се бори за опстанок.
Италијанската Серија А и англиската Премиер лига се најстари лиги според просечната возраст на фудбалерите со по околу 27 години. Македонската прва лига е малку над просекот со возраст од 25,2 години.
Фудбалерите на Вардар ја одбранија титулата во македонското првенство. Со петардара во мрежата на директниот конкурент Хоризонт Турново, најтрофејниот фудбалски клуб ја освои 7-та титула во 21-то издание на македонската Прва лига.
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Чедомир Јаневски го објави списокот на фудбалери за квалификацискиот натпревар за Светското првенство 2014 помеѓу Македонија и Белгија, кој ќе се игра na 22 март на арената „Филип Втори".
Модниот дизајнер од Гана кој беше најавен како екстра засилување за македонскиот фудбалски шампион, Осеи Кофи си замина од ФК Вардар, а луѓето од нашиот најтрофеен клуб сакаат што е можно побргу да го заборават и избришат неговото име.
Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Чедомир Јаневски го соопшти списокот на играчи кои ќе бидат во комбинација за настап на пријателскиот натпревар против Данска.
Македонското фудбалско првенство отсекогаш било попатна станица за третолигашки странци, но последните неколку трансфери се „дно дна". Дали нашите тренери се премногу наивни или менаџерите кои носат фудбалери многу добро лажат.