Супер интересен дуел одиграа синоќа Голден Стејт Вориорс и Мемфис Гризлис. Во еден момент во финишот од мечот судијата го исфрли Стеф Кари од игра поради тоа што во нервоза поради промашен чист кош на неговиот соиграч Џордан Пул силно ја фрли заштитната протеза на паркет. Потоа на 2,6 секунди до крајот при резултат 120:120, Џордан Пул дава кош за победа 122:120 и го зафркава Кари во подтрибинскиот простор.
26 јануари 2023 - 12:24