Трабзонспор го доби Газијантеп со 4:2 и тоа после голем пресврт во вториот дел. Гостите на полувреме имаа 0:2, но примија 4 комада за само 18 минути. Онуачу постигна хет-трик, а Енис Барди со прекрасен удар го матираше голманот кој немаше шанси.
Челси го елиминираше Лестер и ќе игра полуфинале во ФА Купот против Манчестеер Сити. Рахим Стерлинг не беше меѓу стрелците, бидејќи нишанот му беше тотално изместен. Прво промаши пенал, а потоа изведе слободен удар за потсмев. Во Ла Манш ја најдоа топката.
Тензијата меѓу навивачите на Трабзонспор и Фенербахче кулминираше пред неколку години кога беше пукано од огнено оружје врз клупскиот автобус на Фенер кој патуваше на гостински меч во Трабзон. Страстите никогаш не се смириле. Синоќа Енис Барди даде гол но неговиот Трабзонспор изгуби 2:3 со гол во 87-ма минута после што почнаа големи нереди на теренот.
Енис Барди постигна прекрасен гол во дербито Трабзонспор - Фенербахче но му падна во втор план поради големите нереди кои ги предизвикаа домашните навивачи поради поразот 2:3.
Со Енис Барди тешко се излегува на крај ако ја зафати убаво од слободен удар. На дуелот против гигантот Фенербахче кој Трабзсонспор го загуби со 2:3, капитенот на Македонија влезе во игра на стартот на второ полувреме и во 62-ра минута го нокаутираше голманот. Ова му е петти гол сезонава.
Три кола откако славеше против Хатајспор, капитенот на Македонија одново е стрелец за Трабзонспор кој по 75 минути игра водеше со 4:1 против Фатих Карагумрук. Барди го израмни резултат во првиот дел со волеј, ама и многу среќа.
Трабзонспор е трет во Турција зад гигантите Галатасарај и Фенербахче кои се борат за титулата. Трабзон на Енис Барди четири кола по ред не примил гол а синоќа изгубил 3-1 од Аланијаспор. Вториот гол кој го примиле бил по кардинална грешка на стоперот Стефано Деснвил. Барди го одиграл целиот меч.
Капитенот на Македонија го одигра цел натпревар против Кашимпаша и му подари маестрална асистенција на Енис Дестан кој го отвори резултатот по 19 минути игра. Но гостите направија пресврт и славеа 2:3. Трабзонспор е трет на табела со 23 бода заостанување зад Фенербахче и Галатасарај.
На цвечената церемонија во Лондон, ФИФА ги додели наградите за најдобрите во изминатата година. Победи Меси кој заврши со ист број на бодови заедно со Халанд.
Барселона синоќа беше немилосрдна против Леванте на гости и го прегази со 0:5, ама и Енис Барди беше немилосрден со еден од најдобрите бекови во светот. Како само фино го измрда.
Со три гола и две асистенции, Лионел Меси го спушти на земја Леванте кого Барселона го декласираше со 0-5. Аргентинецот покажа дека за него нема граници.
Во каталонското дерби, Барселона со 0-4 го декласираше Еспањол а играч на мечот беше кој друг ако не тој - Лионел. Постигна два прекрасни гола од слободен удар и сега во 2018 има 9 погодоци од прекин.
Познатиот сајт за статистика „WhoScored“ го објави најдобриот тим од Лигата на Нации, поточно од лигата каде учествуваше Македонија и тотално ја утнале.
Убаво е кога Македонија победува, убаво е и кога тоа го прават фудбалери кои се веќе добро познати во меѓународни рамки, а уште поубаво кога играчите ни ги фалат разни влијателни медиуми од повеќе држави. Колку само си ја крева цената снајперистот на Македонија.
Македонската фудбалска репрезентација успешно ја заврши групната фаза од Лига на нации, откако вечерва го совлада Гибралтар 4-0 во Скопје и спремно ги чека противниците во плејофот.
Со евроголот на Енис Барди и погодокот на Нестогол, Македонија ги освои планираните 3 бода на гостувањето против Лихтенштајн кој не угњави 90 минути со тоа досадниот бункер.
Пукна бункерот на Лихтенштајн, а го разби од слободен удар кој друг ако не, човекој од стравуваат сите голмани во Шпанија. Прв гол на Енис Барди во Лига на Нации, многу важен за Македонија која поведе во 53 минута од средбата.
Енис Барди не е било кој играч од шпанското првенство, туку ѕвезда споредувана со Меси во однос на способноста за проектили од слободен удар. Дечково игра „ФИФА 19“ со Ливерпул и во тим го става македонскиот репрезентативец. Како помина? Па збрца “само“ 5 комада, кој од кој поубави.
Енис Барди има 23 години, Тони Мицевски 48, ама тука нема разлика кога ќе го видите старото како изведува слободен удар. Поранешниот македонски репрезентативец кој играше во Бундеслига, уште игра активно фудбал во родното село Поешево. Погледнете му ја најновата мајсторија на ревијалниот меч меѓу ветераните на Победа и Пелистер. Каков цар.
На стартните шест кола во новата сезона го немаше, ама затоа денеска на гостување влезе во второ полувреме, го намести нишанот и испука проектил во агол кој не го фаќаат 10 Буфоновци. Хетафе - Леванте конечни 0:1, благодарение лудиот слободен удар на македонскиот репрезентативец.
Македонскиот репрезентативец минатата сезона не беше само едно просечно засилување во Леванте, туку златно дете со снајперски способности од слободен удар, стрелец на 9 гола и играч кој сега најмногу вреди во клубот.
Ако од минатата сезона го пратите почесто Леванте поради Енис Барди, можеби сте забележиле дека на нивниот стадион една од трибините зад голот не е целосна и фали дел. Стадионот за неколку дена ќе наполни 49 години, па еве ја приказната.
Кој би рекол дека еден ден ќе има македонски репрезентативец во тесна листа на најатрактивни 10 голови од слободен удар во една од најквалитетните лиги во светот, Ла Лига. И тоа пазете не еден, туку два гола избрале од него и уште три од Меси. За Енис Барди се резервирани седма и втора позиција.