И по 30. коло во Турција, разликата меѓу Галатасарај и Фенербахче кои се бркаат за титулата е иста - 2 бода предност за првите (89 бода) во однос на вториот Фенербахче (79 бода).
Тимот од Истанбул го преброди веројатно најтешкото гостување за нив, она во Трабзон каде секоја година доживуваат страшни искуства.
Така беше и овојпат. Фенер поведе во 13’ минута преку Бразилецот Фред кој играше и во Манчестер Јунајтед пред неколку години. Истиот играч зголеми и на 0-2 во 45+4’ минута и на полувреме гостите имаа убедливо водство.
Но во вториот дел најпрвин преку Енис Барди кој постигна маестрален гол од слободен удар во 63’ минута намали на 1-2 па Трезеге од пенал во 78-ма минута домаќинот израмни на 2-2.
И кога домашните навивачи очекуваа вреден бод (Трабзон е трет со 49 бода, три бода повеќе од Бешикташ), Мичи Батшуаји ги замрзна со гол за 2:3 во 87-ма минута.
По последниот судиски свиреж, гостите се собраа на средина од теренот да ја прослават победата, но наеднаш влегоа стотици хулигани и настана хаос на теренот.
Исто стотина редари се обидоа да ги вратат хулиганите но хаосот беше незадржлив. Најголем напад доживеал хрватскиот голман Доминик Ливаковиќ на кого му пружале помош на теренот, а додека трчал кон соблекувалната да избега со соиграчите, еден хулиган идиотски од зад грб со шака силно го удрил во глава.
Batshuayi'nin tekmesi adamı vurmadı, eğer vurmuş olsaydı yere yığılırdı; ancak adam koşmaya devam ederken Livakovic'e yumruk atıyor.pic.twitter.com/eRj7Qoa4Bn
— Mahmuslu (@mahmuslu) March 18, 2024
Навивачите на Фенербахче се бранеа колку можеа а најхрабар излезе Брајт Осеји-Самуел кој сам се тепаше со неколку хулигани и покажа завидни техники од боречки вештини.
Капитенот на Трабзонспор Угурџан Чакир им заблагодарил на навивачите за поддршката но рекол дека никако не го одобрува тоа што се случило после мечот а Енис Барди прокоментирал дека такво нешто првпат гледа во живот.
ТОА НЕ Е СÈ - ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ МЕЧ ИМАЛО НЕРЕДИ
Во 15’ минута тренерот на Фенербахче Исмаил Картал бил погоден со предмет во глава и бил повреден, па му ставале мраз на повреденото место.
„Кога изгубивме од Трабзонспор дома, нивните играчи славеа. Тоа е нивно право. И си заминаа спокојно. Зошто кога тука победуваме се случуваат вакви работи?
Јас имам расекотина на главата. Навикнат сум, растен сум на улица. Но другите тренери имаат повредени усни и бради. Син ми е погоден во глава. Како да го спречиме сево ова?, со право бил бесен гостинскиот тренер.