21-годишниот фудбалер од средниот ред на италијански Наполи се очекува да биде водечка сила на македонската фудбалска репрезентација на првото Европско првенство за нас.
Еден од главните играчи на репрезентацијата, ѕвездата на шпански Леванте, Енис Барди денес го доби негативниот тест на Ковид-19 и потврди дека ќе игра на Евро2020.
Во 76' минута од мечот кој ќе влезе во аналите како победа против најсилниот противник во историјата, Македонија при резултат 1-1 имаше корнер. Енис Барди центрираше а топката чисто го удри во рака Емре Џан но судијата Сергеј Карасев не досуди очигледен пенал и не оштети.
На стадионот Шауинсланд Рајзен Арена во Дујзбург, Македонија го сруши повеќекратниот светски и европски првак Германија - 1:2 (0:1) и го направи најголемото изненадување во мартовските квалификации во Европа.
Македонската фудбалска репрезентација ги освои планираните 3 бода против аутсајдерот во групата кој немаше што да бара на гостувањето во Скопје. Добра партија на Трајковски кој за три минути даде два гола. Паненка на Нестор.
Само 7 минути игра и беше потребно на македонската фудбалска репрезентација за да го отвори резултатот против аутсајдерот Лихтенштајн. Сите мислеа дека Барди ќе нафрла, а Енис биеше директно во гол и го фати неспремен голманот на гостите.
Култниот албум од италијанскиот гигант Панини наскоро треба да го пушти во продажба своето најново издание за Европско првенство. Во него ќе се најдат и најдобрите македонски фудбалери чии сликички со задоволство ќе ги лепиме.
Малку е позната приказната за трансферот на легендарниот холандски ас, најдобар играч на светот во свое време, во мал клуб од предградието на Валенсија.
По мајсторскиот слободен удар во Купот на Шпанија, Енис Барди постигна прв гол сезонава и во Ла Лига со кој му донесе 1:1 на Леванте против големиот фаворит. На погодокот на македонскиот репрезентативец најмногу се израдуваа Барса и Реал кои имаат -6 и -9 бода зад лидерот.
На четири месеци до деби настапот на ЕП, во фокусот на УЕФА е нашата фудбалска репрезентација претставена со кус осврт на најважните мигови од историјата. Има и еден податок од 1960 кој веројатно не сте го знаеле.
Енис Барди се врати по долгата пауза поради повреда на извонреден начин. Во рок од пет дена се истакна со мангупски гол од слободен удар вреден победа против Ваљадолид, а потоа при резултат 1:1 ја даде клучната асистенција за големи 3 бода на Бернабеу.
После точно 2 години, три месеци и 20 дена, моторот на македонската фудбалска репрезентација Енис Барди синоќа постигна преубав погодок од слободен удар за Леванте во шпанскиот Кралски Куп.
Фантастичен кам бек на Енис Барди кој се врати на фудбалските терени по пауза од два и нешто месеци на маестрален начин. Ваљадолид поведе против Леванте во Купот на Шпанија, а македонскиот репрезентативец го израмни резултат по 10 минути ептен мангупски.
Викендот зад нас помина одлично за македонските репрезентативци. Прецизни беа Несторовски кој е прв стрелец во Хрватска, Трајковски во Италија, Агим Ибраими во Словенија, Бабунски во Шпанија.
Македонската фудбалска репрезентација го забележа и седмиот пораз во 8. квалификациско коло за Европското првенство во Франција 2016. Поразот од 0:1 не изгледа воопшто страшно, бидејќи овој пат не игравме против Луксембург.
Македонската фудбалската репрезентација го доживеа и четвртиот пораз во квалификациите за ЕП 2016 година. Како по обичај, водевме 1-0 и на крајот загубивме 1-2. Пачовски го одигра најдобриот натпревар, но не можеше сам.
Македонската фудбалска репрезентација за десет дена го игра петтиот квалификациски дуел за ЕП 2016. Селекторот Бошко Ѓуровски го повика братот на ѕвездата на Челси, Немања Матиќ, Србинот Урош Матиќ кој неодамна доби македонски пасош.