Тензијата меѓу навивачите на Трабзонспор и Фенербахче кулминираше пред неколку години кога беше пукано од огнено оружје врз клупскиот автобус на Фенер кој патуваше на гостински меч во Трабзон. Страстите никогаш не се смириле. Синоќа Енис Барди
даде гол но неговиот Трабзонспор изгуби 2:3 со гол во 87-ма минута после што почнаа големи нереди на теренот.