Џони Кеш за првпат пред публика изведува нова песна. Ни помалку ни повeќе туку Man in Black, пред да биде објавена на албум. Малку контекст: годината е 1971, виетнамската војна е во полн ек, млади војници на големо се враќаат дома во ковчези. А Кеш, ладен како надгробна плоча, на студентиве им раскажува зошто носи црно. Нема појако.
Работен наслов: кога ќе ја однесеш жена ти на одмор каде што не и се оди / ај да изгледаме нормални пред роднините. Меланија и во Рим му направи ескиважа на Доналд.
Не дека и претходно немаше романи кои од далеку најавуваа можност некој како актуелниот 45-ти претседател на САД да го преземе кормилото на земјата. Но новата книга на Хауард Џејкобсон е опишана како „брутална сатира која ги повикува сите писатели на активен отпор“ кон човекот кој сега има име, презиме и еден фин епитет, кој е просто греота да се троши за опис на ликови како него.
Сто дена подоцна и најмалку два пати повеќе разумни забелешки и аргументи, и симпатизерите на Трамп почнуваат да ја воочуваат грешката што ја направија. Може е доцна за ова гласање, ама барем нема да им се повтори грешката на следните избори.
Не стана претседател на САД, но ја форматираше публиката, и од целосен аутсајдер успеа да стане вистински хит, особено помеѓу младите. Сега Сандерс им се обраќа со нова книга, за да не ги остави да се „оладат“ до следните избори. Затоа што и во меѓувреме има многу нешта што тие можат да ги сторат.
Повикувајќи на француското чувство на супериорност над Англичаните и Американците, Џон Оливер ги преколнува Французите да не заебат работа како со Брегзит и Доналд Трамп. Но, против кандидатите на Марин Ле Пен се кој од кој.
Ако ја тргнеме на страна Кралицата Елизабета Втора никој од овие не се надевал дека еден ден ќе стане светски лидер. Освен веројатно Хилари, ама па за сега не излезе баш по нејзино.
Koга во 30 секунди во живо новинар три пати ќе нарече ракетна офанзива „убава“, тој си го бара. Кога притоа ќе искористи и стихови на Коен, е тогаш треба и да си го добие.
Серијата во десет продолженија за семејство кое држи бар со стогодишна традиција во Њујорк најпрвин изненадува затоа што е со Луи Ц.К. а не е комедија. Ако го надминете ова првично изневерено очекување, може да се фатите како уште некоја минута по завршувањето на секоја епизода зјапате во затемнетиот монитор, размислувајќи за смислата на животот. А признајте, од кога не ви било така?
Што е најголемото зло што Трамп може да им го направи на Индијците? Да им ги врати назад сите иселеници што се преселиле од Индија во САД, "тоа роднините со надуено его, погрешно чувство за успех и лажен акцент, па тие не се трпат кога ќе се вратат за одмор на неколку недели, а не па за трајно..."
Нова биографија на Клара Петачи, ќерка на личниот доктор на Папата, која на 20-годишна возраст ја остварила својата опсесија, да му биде љубовница на 49-годишниот Дуче.
„Ама така пишуваше на интернет, професорке!“ - стандардното објаснување за некаква глупост во семинарските на генерациите растени онлајн барем за оние американските има антидот во форма на систем за проверка на вистинитоста на она што се цитира. Тој сега има и нов начин на датирање - пред, за време и (кој знае) по Трамп.
Што да правиш ако живееш во постојан страв дека политиката на Трамп може да ја протера мајката на твојата сопругата, пошто жената е Латино? Да дадеш што е можно попрецизни податоци за неа :)
30 години пред да се случи целиот овој метеж со Трамп, социјални мрежите, лажните вести и алтернативните факти, Ноам Чомски и Едвард Херман ги анализираа пиларите на пропагандата, механизам кој не важи само за земји како Северна Кореја или Иран.
Се вика Walled Off - игра со зборови и асоцијација на синџирот луксузни хотели Waldorf, а е лоциран во Витлеем, веднаш до ѕидот што ги дели палестинските територии од Израел. Отворен е со надеж дека ќе привлече повеќе израелски туристи на оваа страна oд границата.
Не е за турско, туку за јако црно еспресо, кое треба да им помогне на новинарите кои известуваат од кабинетот на претседателот да останат будни и концентрирани во борбата за вистината. За некои од нашите може рачно цедалче за лимун ќе заврши повеќе работа.
Демократи, избори, Демократска партија, Трамп, претседател, Републиканци, политичка коректност, сељачишта, интелектуалци, навредени, образовани, што, како, зошто се случи, сумирани во 19 секунди од Бил Маер.
Гафот на Оскарите беше бизарен, но на начин кој е типичен за целиов овој бизарен период, вели Адам Гопник од Њујоркер, кој излегува со...бизарна теза. Дека необичните настани кои се случуваат низ светот во последно време се резултат на грешка во Матриксот. Не, не е сатиричен текстот.
Местото ви звучи познато затоа што го имате чуено на поминување, како родниот град на првата дама на САД, Меланија Трамп. Американците отидоа до Словенија да направат репортажа за местото во кое е родена и израсната "една од најголемите ќерки на Словенија". И вака, Словенија ко Словенија, мирно.
Oвој филм не го доби Оскарот во категоријата „најдобар странски“. Штета, затоа што играта со зборови од неговиот наслов можеше добро да легне. Плус, филмот е одличен, иако на моменти тежок за гледање.
Малку личат на твитови, но Трамп каков што го дал Господ сигурно не би трошел ни збор повеќе од наведеново за истовремено да го раскаже и оцени секој од филмовите (кои и онака не ги гледал). Тажно!
Респектабилен кастинг од филмски сценаристи (Педро Алмодовар, Том Форд...) и веќе во 5 минута се фаќаат за жена му на Трамп. Се разбира, како и пола свет, ја утнаа дека е од - Словакија. А за разбирање е, кој бил во Љубљана и Братислава, знае дека тоа се најдосадните градови во Европа.