Студијата се однесува на САД, каде анализата на онлајн коментари покажале дека либералите и конзервативците користат различни зборови за слични искази. Како да зборуваат не на некаков сленг, туку на сосема различен јазик.
Поентата на текстот е поинаква, ама нам ни е крајно интересна врската помеѓу настап на политичар и број на пребарувања во речник. После настапите на нашиве единственото низ што ти иде да пребаруваш е шкафчето со апчиња за смирување.
Можете да замислите ситуација во која наши лингвисти, преку профил на Речникот на македонскиот јазик, на социјални мрежи ги корегираат политичарите низ поучни но и комични постови? Ни ние. Ама некои други лингвисти го искористија моментот за да поделат по некоја лекција.
Знаеме дека ве удавивме со различни зборови на годината - од англиските пост-вистина и снегулка, „германското“ флај и австралискиот демократски колбас. Но овој некако ни изгледа дека најреално го опишува чувството со кое ја завршуваме годината. Дека таа беше - надреална.
Пред некое време пишувавме за зборот на годината според Оксфордските речници, кој воопшто не е збор, туку слика-емоџи. И Меријам-Вебстер го прогласи својот (не)збор на годината. Како тргнало, следната година можеби ќе победи м’мкање или свиркање.