„Беше еднаш во Шаолин“, „најреткиот албум на светот“, кој најпрвин беше продаден за 2 милиони долари на контроверзниот Мартин Шкрели, а потоа препродаден од Министерството за правда на САД како наплата на неговите долгови на дигитална платформа, ќе биде позајмен на преслушување во музеј во Тасманија.
77-иот Кан се одржува од 14 до 25 мај, а претседател на жирито е американската режисерка и актерка Грета Гервиг. Програмата содржи големи холивудски премиери, но и „помали“ филмови кои можат да изненадат.
Во својот инаугуративен говор, новата претседателка на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова, му се заблагодари на поддршката на својот сопруг. До сега имавме „први дами“, односно сопруги на претседатели-мажи. Како би можела да гласи оваа титула обратно?
Во 2016, откако долго време неговото име беше споменувано во тој контекст, Дилан конечно ја доби Нобеловата за литература за тоа што создал „нови поетски изрази во рамки на големата американска песнопојна традиција“. Маргарет Атвуд имаше теорија зошто му била доделена токму нему, и токму тогаш.
Медиумите се одраз на начинот на кој се мисли и се зборува. Но и обратно, истите влијаат врз развојот на речникот на одреден јазик, ставајќи во оптек или потиснувајќи одредени зборови и/или нивни значења. Њујорк Тајмс од 19 век наваму ги прави и двете, а сега има и Твитер профил на кој на дневна основа можат да се следат зборовите кои прв пат се употребени во весникот.
Четири месеци откако сегашни и поранешни затвореници му напишаа отворено писмо на претседателот Бајден, Пентагон официјално ја прекина својата политика која од 2017 година им оневозможуваше на затворениците од Гвантанамо Беј да си ги земат со себе уметничките дела кои ги создавале со години кога го напуштаат затворот.
Првиот дел на овој филм, преведен како „Нож в грб“ (Knives Out), беше покласична мистерија, како во детективските филмови со Еркул Поаро (овој пат персонифициран низ ликот на Беноа Бланк, кој го игра Даниел Крег). Но овој вториот, можеби филмски полош, има малку поинаков и подлабок подтекст.
Се вика Црква на обединувањето, но верниците се познати како „Мунис“ поради името на основачот Сун Мунг Мун. Неговиот екстремен антикомунизам довел до блискост со конзервативни политичари од целиот свет, вклучително и Јапонија.