Израелските тајни служби со години сакаат да го убијат иранскиот научник и еден од најдобро чуваните луѓе во Иран, Мохсен Фахризадех. На крај наоѓаат начин и тоа го изведуваат без ниту еден нивен оперативец да биде присутен на терен за време на егзекуцијата.
Одлука која опфаќа многу влажни соништа на претходната администрација и нејзини фанови, е на добар пат да биде уште една од клучните сцени (по евакуирањето на амбасадата во Кабул) кои ќе го обележат владеењето на Бајден.
22-ри октомври е третата (технички втора) и последна дебата меѓу Трамп и Бајден пред американските претседателски избори во ноември, а со тоа е и последна шанса за двајцата да се покажат барем пред своите кога и онака никој не се обидува да ги придобие тие од карши.
Името кое најчесто се споменува во светските медиуми овие неколку недели е Џорџ Флојд, Афро-американецот кој беше брутално убиен од полицаец-садист кој со колено го гушеше неколку минути.
Тоа што започна како протести околу убиството на Џорџ Флојд, и се претвори во масовно движење против полициското насилство во САД успеа во одредени моменти да мутира во чисто безредие, пљачкосување и уништување на јавна (полициска) сопственост и приватна (од мали трговци) сопственост. За сега уништувањето е далеку повпечатливо отколку мирниот дел од протестите.
И претходно кога даваше прогнози, американскиот претседател зборуваше за 100.000 жртви како оптимистички исход, и дека ако им успее таму да го запрат вирусот дека ќе треба да си честитаат. Вчера за прв пат спомна дека по ново се пресметале дека вирусот може да однесе 240.000 животи.