Смртта на Флојд испровоцира страшно насилни протести низ Америка и други земји во светот. Се организираат и собири и маршови против расната дискриминација, а на нив учествуваат и луѓе од светот на спортот.
И покрај маченичкиот ореол, Флојд и натаму од некои страни е претставен како стереотип на американското гето. Поради сиромашното детство кое го имал, наркотиците, казните затвор и насилната смрт. Но и поради тоа што и тој сметал дека единствен начин за излез од сиромаштијата и успех во животот е баскетот и рапот.
Џорџ Флојд се родил во кошаркарска држава - во Северна Каролина.
Татко му во еден момент го напуштил семејството и се преселил во Њујорк каде работел како медицински брат но и свирел на гитара во бендот Chocolate Buttermilk Band. Мајка му на Флојд останала со три деца во трејлер парк (плац на кои има трејлери/комбиња во кои живеат луѓе).
После неколку години таа се запознала со маж од Хјустон и сите се преселие во Третиот реон, најсиромашниот и најопасен крај во градот. Таму живееле во страшната населба Cuney Homes, база на најсиромашниот слој жители.
Оние кои растеле со Флојд се сеќаваат дека неговото семејство било посиромашно и од најсиромашните и дека понекогаш немале што да јадат.
Уште од мал Џорџ Флојд мечтаел за кошаркарска кариера. Имал одлични предиспозиции (висок 193 см и крупен со долги раце). Во средното школо Jack Yates истовремено играл и за кошаркарскиот и за тимот по американски фудбал.
Флојд повеќе сакал баскет иако најголемиот успех во школските денови го имал во американски фудбал. Тренерот Морис МекГован направил сè што може за габаритниот Флојд да игра за неговата екипа.
„Беше висок и ми кажа дека сака да стане кошаркар. Огромен беше и се гледаше неговиот потенцијал. Пријателите од фудбалскиот тим го убедуваа да проба, а нему не му фалеше жестина за фудбал. Сакаше кога го удираа. Беше многу дружељубив и затоа не му годеше да игра во одбрана. Затоа го ставивме тајт-енд. Тој ни носеше предност зошто можеше брзо да трча, високо да скока и притоа имаше долги раце да го фати секој пас. Нашиот квотербек просто ја фрлаше силно топката, а Џорџ прв стигнуваше до неа. Неколку пати имаше совршени приеми и ни помогна да стигнеме до финалето“.
Во 1985-та година, Yates го освоиле првенството на Тексас, а во време на Џорџ Флојд стигнале до финалето.
И покрај тоа, условите на Yates школата биле мизерни. Екипата немала ни сала, ни терен. Жената на тренерот на кошаркарскиот тим се сеќава дека често им давала пари од џеб на играчите.
„Школата не одвојуваше пари за тие да можат нормално да функционираат па јас и мажот ми сами организиравме ручеци. На дечките тоа им се допадна“.
А еден комшија на Флојд од неговата младост раскажал:
„Во кошарка личеше на Денис Родман, вреден како коњ. Во фудбал секој пат кога доаѓавме на мечот, тој секогаш правеше тач-даун. Убаво беше затоа што тој не претставуаше сите нас“.
Главен меч во кошаркарската кариера му бил против школата Остин кога дал 29 поени. Благодарение на габаритот, силата и умствената игра во рекет, тој подоцна добил стипендија од комјунити-колеџот Јужна Флорида.
„Беше многу остар, знаете како некои кои на терен изгледаат многу невообичаено. И со тој габарит ја водеше топката и знаеше да оди таму каде што треба. Кога видов како човек со негов раст ја води топката си помислив ако он така ја тапка јас нема да имам никакви проблеми“, се сеќава еден од неговите соиграчи.
Меѓу првите кои ја приметил неговата габаритност за кошарка бил Џорџ Вокер, тренер кој на времето работел како помошник во Хјустон Кугарс кога таму играа Хаким Олајџувон и Клајд Дрекслер, подоцна НБА шампиони и едни од најдобрите на сите времиња.
„Беше многу атлетски спремен и добро ја контролираше топката. Многу подобро дури и од подобрите дечки. Затоа му предложив кошаркарска стипендија. Имаше се што ми требаше за позиција четири и пет. Истовремено беше и кошаркар и фудбалер но повеќе го сакаше баскетот“, се сеќава Џорџ Вокер.
За жал во првата сезона Флојд ја скршил ногата, а во втората играл сосема коректно.
„За нас беше одлична варијанта. Никогаш не правеше проблем, прекрасен спортист, имаше во просек 12-14 поени и 8 скока по натпревар. Ништо повеќе и не ми требаше. Беше и весел надвор од теренот“.
ЈА СОНУВАЛ НБА
Како и секој млад Афро-американец кој почнува да се занимава со кошарка, така и Џорџ Флојд мечтаел еден ден да биде дел од најголемото светско спортско шоу.
„Мислеше само на НБА. Беше најголем во екипата, играше од почеток, знаеше да води ритам. Со својата жестока и агресивна игра толку многу го стави во втор план Џермејн Стјуарт кој беше уште повисок, поради што овој сакаше да го напушти Универзитетот и да си оди дома“.
После две години на комјунити колеџ Јужна Флорида, Џорџ Флојд се преселил поблиску до дома - на Универзитетот Тексас A&M. Таму поминал една година на школување но исто не довршил.
Ова го објаснува фактот што на мајка му и требале пари, па затоа Флојд се вратил во Хјустон за да го помогне семејството. Брзо нашол работа како автомеханичар.
А во 1994-та година ставил уште една причина на списокот на стереотипи. Во улога на „Големиот Флојд“ (Big Floyd) дебитирал во хип-хоп и снимил песна со групата Screwed Up Click.
После започнал ланецот бељи која и го довела под коленото на садистичкиот полицаец. Две апсења за кражби, уште три за трговија со наркотици, зависност од дрога, вооружен напад за кој одлежал пет години итн...
И покрај ваквиот список на тешки кривични дела, Флојд парадоксално го сочувал авторитетот во родниот крај. Оние кои го знаеле од детство, велат дека многу важен пример за нив бил неговиот живот: тој бил првиот жител на големата населба Cuney Homes кој добил спортска стипендија.
Во последните години додека живеел во Хјустон тој им помагал на локалните свештеници да ги изведат младите на прав пат (за таа цел играл кошарка со нив).
„Беше голем обожавател на Леброн. Многу го сакаше. Откако Кавс (Кливленд) го добија Голден Стејт во финалната серија и ја освоија шампионската титула, памтам како му заѕвонив. Му реков: „Сигурно си лудо среќен како ти да си освоил титула“. А тој ми одговори: “Ти веќе знаеш колку го сакам Леброн. Да, како јас да освоив шампионска титула“, раскажал внукот на Џорџ Флојд на комеморацијата по неговата смрт.
Во хјустонското гето Флојд се запознал со својот двојник од НБА - крилото Стивен Џексон кој ден-денес за Џорџ вика дека му бил најдобар другар.
Џексон исто го поминал детството во тешки услови, играл во Порт Артур во Тексас, па две години на комјунити-колеџ па после четири години играл по разни лиги, дури и во Австралија и Латинска Америка, за да на крај се пробие во НБА каде прослави шампионска титула со Сан Антонио Спарс на Грег Поповиќ. Остана запаметен и по тепачката во Детроит како и по дуелот со Дирк Новици кога Џексон играше во Голден Стејт.
Флојд и Џексон се ликови од една иста приказна, само со среќен и несреќен крај. Џексон во 2014-та му помогнал на Флојд да се пресели кај него во Минесота и да почне сè од ново: да најде сигурна работа во бар, да вози камионетка, да се излечи од зависноста со дрога.
Наместо тоа, Флојд беше убиен, а неговиот двојник од НБА да продолжи да се бори за правата на црнците. Му прати порака на Доналд Трамп во која му ветува во име на неговиот брат дека нема да биде во Белата Куќа до крајот од ноември. Тебе нема да те реизберат“.