Со цел да се искорени употребата на ладни оружја од кои страдаат многу млади луѓе, навивачкиот свет веќе неколку години инсистира на машка, витешка пресметка со ривалите (народски со голи раце). Прва ваква фер договорена борба пред неколку години имаа Кумани од Куманово и навивачите на МЗТ Скопје „Фемили Аеродром“.
Од сосема добра идеја и замисла, до тотална белја. Социјалните мрежи беснееле на ваквиот гест од германскиот гигант, па adidas бил принуден да се извини и да ги повлече од продажба патиките.
Еден од култните затвори во САД за кој пееше Џони Кеш, во кој филм снимаше Вуди Ален и во кој лежел Чарлс Менсон и убиецот на Кенеди ги организира најинтересните тениски мечеви меѓу затворениците. „Овде тешко и Надал да победи“, вели еден од осудениците.
Некој ќе каже, немаме резултати, ужас сме, катастрофа, дебили играат. Какви-такви, наши се и треба барем да пробаме да им дадеме поддршка па на крајот ако не чинат ќе ги пцуеме и кудиме. Вака, со седење од фотеља (а по ново и од вц шолја со мобилните во раце) нема никогаш ништо да смениме.
По дружбата со македонските фанатици за Рома и Интер, гледавме Лига на шампионите со над 100 навивачи на Јуве. Речиси секое коло имаат претставници во Торино каде собрале автограми од Конте, Недвед, Ањели, а имаа урамено парче од тревата на која трча италијанскиот шампион.
Еден од најпопуларните бразилски клубови соопшти дека до крајот на идната година ќе бидат завршени гробиштата на кои секој навивач ќе може да си купи парцела.
Новиот газда на Лидс тешко дека ќе ги освои симпатиите на навивачите. Тој е само еден месец мнозински сопственик на англискиот второлигаш и уште на стартот доби непријатен пречек кој асоцира на неговото неславно минато.