Да, секоја поштена феминистка си повраќа во уста од стихот „ја би опет била тепих по коме ти газиш“, но ако е чесна кон себе, а не само кон феминизмот, знае дека барем еднаш била така, патолошки, заљубена. Невкусно? Можеби, но искрено.
Идејата дека вакцината е општо добро и треба да биде достапна на сите, се насука на гребенот на капиталистичката алчност. Во ситуација кога сиромаштијата од Третиот свет е осудена со години да умира заради недостапност на вакцини, прочитајте што ја растажува Хилари Клинтон.
Бижутериски активизам, вооружено незнаење, лов на вештерки, напувано морализирање. Зачната во некогашниот „прогон на Црвените“ кога во име на антикомунизмот беа „откажани“ илјадници луѓе, „кансел културата“ служи за да ги одврати луѓето од согледување на вистинските системски проблеми. Наместо тоа, да се занимаваат со банални политички некоректности.
Од една страна земјите членки бирократски се ограничени колку можат да трошат државни пари, од друга страна истите тие се во постојана „трка кон дното“ кој ќе обезбеди пониски даноци на приход и пониски плати.
Првиот добитник на Оскар кој се вакцинираше против ковид-19 е Оливер Стоун а вакцината е руска. Филмаџијата ја прими Спутник чија латинска петка Русите ја гледаат како V за Victory (победа). Македонските здравствени власти, во склад со својата бахатост, јавашлук и фушерај, не ни одговориле на понудата за евентуална набавка на таа вакцина.
Ние ќе ви дадеме нешто пари за вие да си играте мини Шенген и малку да подзаборавите дека не ве примаме во друштво а сиромаштијата во регионот се остава во рацете на властите и ним блиските олигарси. Закони со европски знаменца тука не помагаат.
Погледнете го Оливер Рид во ова легендарно интервју во кое шармантниот бонвиван и шовинист објаснува зошто сака секакви жени (намиг) а зошто ги нејќе оние кои не завораат уста и оние кои бадијала истураат бурбон. Гледајте до крај за да го погледнете спектакуларниот финиш.
Чичкото е измислен лик зад кој стои автентичен комичар Малезиец со автентично искуство со азиска храна. Џејми Оливер од друга страна е еден од главните столбови на една од најголемите гурмански перверзии во историјата - добар британски готвач. Ако сакаш да се увериш колку Џејми и компанија не ги бива за која било храна од готвач вон островот, само покажи по дома како прават баклава или гледај италијански готвачи како реагираат на нивни рецепти за паста и слично. На исто мислење е и Чичко Роџер за рецептот на Џејми за ориз со јајце.
Комплетните фекални води (канализација) од 85-илјадниот Данбури во Конектикат, во иднина ќе се преработуваат во фабриката Џон Оливер, кој го добива името како одмазда кон британскиот комичар.
На крај пак ќе им пресметуваат колку победи имаат од сите овие номинации, и колку милиони долари ги чини секоја од статуетките, меѓутоа бројката од 160 номинации во една сезона е непобитно спектакуларна.
По 20-годишна врска, раководството на Хуавеи на 14 јули преку телевизија дозна (Британскиот собраниски канал) дека британските власти ги прекинуваат врските со компанијата околу 5Г системи и технологија.
За многу теми кои го брануваат светот, Џон Оливер знае да биде корисна ѕвезда Северница за збунетите морепловци. Одлично знае да ги расплетe приказните со еден концепт кој ни е близок: да ги исмева глупостите и глупите и попат на својата публика да ѝ понуди разум и корисни информации.
Кога Лејди Гага последен пат објави поп/диско албум, Тејлор Свифт уште беше кантри пејачка а Били Ејлиш немаше запишано средно. А кога сите мислат дека ќе направи цик, таа прави цак. Кралицата на медиумското внимание се враќа на стариот терен за да покаже дека и натаму е алфа женка. Со спот снимен на Ајфон.
Ајн Ранд родена во Санкт Петербург, мажена и умира во Њујорк, е еден од водечките американски гласови за идејата дека во општеството има "создавачи" (во смисла богаташи) и "зимачи" (во смисла сиромашни и социјални случаи), a "зимачите" се паразити кои само им стојат на патот на морално-супериорните иноватори, зборови што ни самиот Трамп, ниту па неговите колеги, не би можеле подобро да ги смислат.
Уште на почетокот од јануари годинава, Ролинг Стоун и Вајс објавија статии за тоа колку ќе биде ужасна 2016, наведувајќи природни катастрофи во Лос Анџелес, судирот во Сирија, поп-култура и слично. Дури и они не можеа да го предвидат Дејвид Боуви.
Веројатно никогаш во историјата на САД немало толку богаташи во една влада, а според бројките од Форбс, Доналд Трамп чие богатство се проценува на 3,7 милијарди долари не е ни најбогатиот член на владата која од јануари 2017 треба да го преземе управувањето со САД.
Ако мачката има 9 животи, тогаш Фидел штотуку ја потроши својата 70-та мачка. Се вели дека кубанскиот револуционер преживеал 634 атентати. Ги надживеа сите свои смртни непријатели освен еден - капитализмот.
Човекот што пред неколку години од позиција на водител на Дејли шоу, на најавите на Трамп дека ќе се кандидира за претседател од денешна перспектива наивно му порача „те молам, дај те молам кандидирај се“, во средата сабајле заедно со остатокот од Америка се разбуди со претседател Трамп. Бонус, совршено добар клип на Сатрдеј Најт Лајв за разочарувањето и заблудата на белците либерали (плус Дејв Шапел и Крис Рок) на вечерта на гласањето, околу сопствената земја и сонародници.
Не е дека имаме некаква друга претстава за Трамп. Трамп е егоистичен расист шовинист кој, во рационален свет, не би требало да има каква било власт. Ама па од друга страна, не би требала ни Хилари Клинтон.
Кај народот познати како „Јеховини сведоци за пари“, или „А за тоа ме бараше другарка ми од средно“, или „Барем да знам на кои роднини да не им се јавувам“. Во бизнисот познати како „индустрија што во САД заработува 36,12 милијарди долари годишно“. А сега, сè што не сакавте да знаете околу бизнисот.
Компанијата годишно троши 1% од светската дрвена граѓа за изработка на својот мебел, кој пак се продава според законитостите на економијата карактеристична исклучително за Икеа, силно базирана на нивниот сезонски каталог.