Нема да погрешиме ако кажеме дека Германците ја имаат можеби најфудбалската култура во Европа. Од неодамна ги прешишаа и Англичаните во посетеност а секој викенд прават работи за кои останатите земји од континентот може само да им завидуваат.
Ситуацијата во германската фудбалска репрезентација не била нималку наивна во изминатите неколку месеци. Се појавиле поделби кои придонеле за лоша атмосфера во соблекувалната. Селекторот Лев не направил драстични промени, туку „чепка“ по малку.
На вториот ден по слетувањето во земјата домаќин на Мундијалот, Deutsche mannschaft го одржа првиот тренинг во базата Ватуники близу Москва и ги израдува присутните деца.
И покрај искрените обиди да објасни што се случило, Илкај Гундоган го исвиркуваше цела „Бај Арена“ во Леверкузен на последната проверка на Германија против Саудиска Арабија пред стартот на Светското. Високата десница бара укинување двојни државјанства.
Еднаш јавноста дознала детали од внатрешната кујна за тактиката, Јоаким Лев бил бесен но „кртицата“ не можеле да ја најдат. Им дозволува да се напијат пиво или вино пред спиење и после натпреварите.
Правилото 50+1 според кое членовите имаат мнозинство гласови е вековна традиција која не може да се купи. Затоа Германците имаат најполни стадиони и пристапни цени за карти, пиво, колбасици.
Тренерска клацкалка во Бундеслигата: Петер Бош избркан од Дортмунд оди во Келн, а Питер Штегер избркан од Келн оди во Дортмунд. Зошто „Милионерите“ кои така високо летнаа, нагло паднаа? Кои се причините?
Баерн го спотераа малери со повредени играчи. Фамозниот доктор Милер-Волфхарт кој Гвардиола го избрка од клубот сега го викаат да се врати назад. Екипата се менува во чекор со сезоната.
Со пласманот во полуфиналето на Купот на Конфедерации кое го игра вечерва против Мексико, фудбалската репрезентација на Германија стигна до фантастичен скор со кој не може да се пофали ниту една друга фудбалска земја последните години. Тоа е, за Германија се работи.
Со неговите дресови играат најсиромашните деца во Африка, за него Гвардиола кажа дека е најинтелегентниот фудбалер што некогаш го тренирал, а на неговата слободумност и поимање на демократскиот свет се поклонија и великаните на Баерн Минхен.
Фразата „Мia san mia“ е на баварски дијалект и значи „Тие сме кој сме“. Ја користи Баерн, а Баерн е 26-кратен германски и 5-кратен европски првак со вселенски стадион.