На денешен ден (11 декември) во 2016 година, почина Есма Реџепова, светски познатата ромска кралица на музиката од Македонија. Еве како за тоа во јавноста известуваше омилениот „новинар“ на октроираната власт на чело со Зоран Заев, Никола Димитров, Оливер Спасовски итн. што ја преименува и обезличи Македонија.
Врвни светски интелектуалци и креативци предупредија дека цензурата ја уништува слободата, замолчува легитимни мислења и ја поткопува демократијата која бара дебата и соочување на различните мислења. Секогаш го имало тоа, само што сега размерите се стравични, благодарејќи на моќните технолошки алатки и „експертите за дезинформации“ кои го чуваат просторот од непожелни мислења.
Вака ситуација имате во лијепа наша: од една страна, српската пејачка Александра Пријовиќ распродала рекордни пет концерти во загребска Арена, што се околу 100.000 луѓе (Оливер Драгојевиќ да стане од гроб не би наполнил толку). Од друга страна, бирократи во едно место крај Задар бараат да биде остранета надгробна плоча затоа што е напишана на - кирилица.
Технологијата има потенцијал да создава позитивни промени и преку иновации да го олесни и подобри животот на луѓето и општеството. Согледувајќи ја позитивната страна на дигиталниот напредок, водечката македонска едукативно-технолошка организација Бреинстер (Brainster), преку своите напредни образовни програми и работата на реални проекти, дава значаен придонес за заедницата.
Убавината во емисиите на Стујарт и Колбер не е само човечката политичка мудрост и логика што ја шират, туку и нивото на мајсторство кое го гледаш од минута во минута: од паметно пишување и глумење, до монтажа и графика. Со појавувањето на Џон Оливер, откриваш дека имало место за напредок.
На веб сајтот на популарниот готвач решаваат да обрнат внимание на босанската кујна па понудуваат рецепт за плескавица. Во рецептот, ставаат и свинско. Ете ти беља.
Кога би се прескокнале сите останати забелешки околу Мис Америка по сите останати основи, и на проблемот би се пристапил од чист УЈП аспект, би ја фатиле организацијата како лаже за околу 44 милиони долари само по основа на поделени студентски стипендии.
Преку целиот сајт да ви стоеше икона дека сајтот се полни, дали се уште ќе бевте тука? Утре, 10-ти септември е глобален "Interneт Slowdown" ден. Може секој да се приклучи кон протестот против забавувањето на интернетот, симболично, но видливо.
Тоа што вам ви е смешен Џон Оливер, не значи дека и е интересен и на воената хунта на Тајланд, посебно кога ја исмејува владата и монархијата на земјата.
Шоуто на др. Мехмет Оз има публика од 4 милиони гледачи на ден. Обичен доктор во целата своја кариера прегледува далеку помалку од милион пациенти. "Затоа организираната медицина мора да преземеме мерки."
Во време кога се' се прави да биде што е можно пократко затоа што ценетиот читател и гледач сака да прави се' освен да чита и да гледа, Џон Оливер одлучи дека публиката ќе сака да гледа ултра долги истражувачки стории (15-20 минути). Два месеца подоцна, изгледа човекот не згреши.
Проблемот со нет неутралноста е што звучи непогрешиво одвратно и незанимливо, како нешто за кое никој не помислува да каже ниту збор само затоа што мисли дека огромни се шансите дека таа најверојатно не се однесува на него. Грешка сте по сите основи. Плус, еве ви најчовечко објаснување за терминот и до каде е дојдена целата ситуација.