Математиката што ги предвиде револуциите

Секогаш кога ФАО индексот за цена на храната ќе се крене над 210 поени, во светот ќе избувнуваат немири и револуции, тврди Јанер Бар-Јам, инаку човек кој работи како теоретичар за комплексни системи во Институтот за комплексни системи на Нова Англија.

Поврзаноста меѓу индексот и немирите се потврди во 2008-ма по економскиот крах, а потоа и во 2011-та кога уличен продавач во Тунис се самозапали затоа што повеќе не можеше да го прехрани своето семејство. (Ова беше почетокот на Арапската пролет.)

Неколку дена пред почетокот на Арапската пролет, Институтот во кој работи Бар-Јам објави извештај за штетното влијание што високите цени на храната ќе го имаат врз глобалната стабилност. Математичкиот модел важеше и во 2013-та кога цените на храната повторно достигнаа рекордно ниво.

"Имам голема листа на земји кои имаат сериозни социјални немири во изминатите 18 месеци кои се совпаѓаат со нашите предвидувања. Цената на храната со сигурност има големо влијание - нашите анализи покажуваат дека ФАО индексот од 210, е точка на вриење, а ние сме таму во изминатите 18 месеци.

Во некои случаи врската е поексплицитна, во други, ако се има во предвид дека сме пред точка на вриење, се' може да започне немир. На точката на вриење влијанието зависи од локалните улови. Треба да се има во предвид и ефектот на зараза: примерот за немирите во една земја може да поттикне социјални немири во друга," објаснува Бар-Јам.

Според Бар-Јам ова е листата на држави на кои им се заканува опасност од немири заради зголемувањето на цената на јадењето:

- Јужна Африка
- Хаити
- Аргентина
- Египет
- Тунис
- Бразил
- Турција
- Колумбија
- Либија
- Шведска (!!!)
- Индија
- Кина
- Бугарија
- Чиле
- Сирија
- Тајланд
- Бангладеш
- Бахреин
- Украина
- Венецуела
- Босна

Како дополнување на својата равенка, Бар-Јам објаснува дека главните причини за наглата промена на цените на храната се:

- финансиските шпекулации со цените - храната се продава на светска берза, па не е важно колку си произвел, туку колку си оставил / купил за себе (Украина имаше рекордно производство на жито во 2013-та, меѓутоа заради добрата цена најголемиот дел го продаде во странство.)

- храната како гориво - политиките (пред се на САД и ЕУ) за субвенционирање на етанолот како гориво (кој се произведува од житни култури).

20 февруари 2014 - 19:10