Што значи да се интегрираш во Германија?

Група Балканци во Берлин научија некои од суптилностите на тамошните правила: можеш да правиш скара во парк ама тоа што го правиш да го собира во чинија. Значи, цело јагне - не.

Една сончева недела во мај лани, берлинската полиција добила позив да излезе на терен: „Ве молиме, дојдете веднаш во паркот Фридрикшајн. Луѓе од автомобили вадат овци - цели и без кожа!“ Се испостави дека се работи за околу 150 луѓе кои се самоорганизирале да испечат 12 јагниња на електрични ражни, споени на автомобилски акумулатори. Полицијата прилично опуштено реагирала на оваа, за Германци прилично егзотична слика, за што помогнало и друштвото кое се покажало скроз кооперативно: ражните биле размонтирани а материјалот вратен во колите. Се покажало дека се работи главно за луѓе со потекло од Босна кои решиле, малку задоцнето, да го прослават Велигден.

„Болна култура“, „ниеден нормален граѓанин не би дошол на ваква идеја“ пишале дел од згрозените кои реагирале на социјалните мрежи. Дискусијата станала толку жестока што морала да се вклучи и полицијата објаснувајќи дека се работи за банално прекршување на законот бидејќи тој дозволување пафтање скара во паркот но „само во порции кои ги собира во чинија,“ што „“исклучува вртење цели животни“.

Интеграцијата генерално денес е една од централните теми во германската политичка дебата, но, што таа точно значи?

„Законите пред сè бараат да се научи јазикот и да се почитува слободарско-демократскиот поредок во општеството,“ објаснува професор Клеменс Кронеберг од Универзитетот во Келн.

Постои консензус дека познавањето на јазикот и почитувањето на законите се темели на интеграцијата, но, не е сè така едноставно:

„Дури и перфектно да зборувате германски и на ниеден начин да не се идентификувате со земјата од која сте дојдени, на основа на вашиот изглед многумина ќе ве категоризираат како странец а некои заради тоа нема да ве прифатат,“ вели професорот.

Ваквите искуства покажуваат дека во Германија е многу потешко да се стане дел од општеството отколку во земји како Канада или САД иако самата држава веќе е подготвена да се гледа себе како доселеничка земја. Така барем тврди министерката за емиграции Анета Видман-Мауз која во последниот извештај запиша:

„Германија и нејзините граѓани профитираат од тоа што ја поттикнуваме интеграцијата. Таа е инвестиција во главите на нашата земја.“

Но, ако на државниот врв му е јасно, спуштањето на таа политика низ пониските ешалони на државата оди потешко а бирократијата се покажува како една од главните кочници. На дојденец му е тешко да начека расположен или барем љубезен службеник. Сара Брандес која работи со дојденци во Бон вели дека во јавните служби владее голем социјален шовинизам.

„Не сакаат ни да зуцнат англиски и не отстапуваат ни за милиметар,“ вели таа за службениците кои опслужуваат странци.

Иако во последно време е забележан пораст на бројот на Германци кои благонаклонето гледаат на дојденците, добар дел од населението е негативно настроен кон нив а тие во последно време добија поинаква политичка застапеност и медиумски се поприсутни во јавноста. 

Затоа, нивното министерство за внатрешни работи, на својата интернет страница потсетува дека интеграцијата е „развивање на заедничка слика за тоа како едно општество треба заедно да живее“ и дека доселувањето секогаш е двонасочен процес.

„Тоа подразбира подготвеност на мнозинското население за прифаќање нови членови и подготвеност на доселениците да ги почитуваат правилата на земјата и да се потрудат да се интегрираат“, пренесува Дојче веле.

7 јануари 2020 - 12:39