Фејсбук ќе покрене глобална дигитална валута

Компанијата која толку лошо им ги чуиваше приватните податоци на луѓето, сега од нив бара да ѝ ги доверат и парите.

Глобална дигитална валута ќе направи праќањето пари да е лесно како праќање порака, ќе ги избрише провизиите, доцнењата и другите бариери на протокот на парите, на луѓето во економски климавите земји ќе им понуди заштита од инфлациите и ќе покрене лавина иновации во финансиите на начин на кој интернетот направи чуда во онлајн сервисите. Сето ова Фејсбук го ветува за рок помал од една година.  

Валутата ќе се вика Либра, по мерката за маса во антички Рим (околу пола кило).

Потенцијалот навистина е огромен. Ако секој од оние 2,4 милијарди корисници на Фејсбук претворат барем дел од своите пари во Либри, тоа веднаш ќе стане најциркулираната валута на светот. И, се разбира, ќе му даде огромна моќ на оној кој ја издава. Бидејќи веќе не може да крие колку лошо одигра во поглед на заштитата на податоците, ширењето лажни вести и други гревови кои ги има, компанијата најави дека водењето на валутата ќе го аутсорира во конзорциум со седиште во Женева во кој ќе влезат сериозни играчи од светот на финансиите, технологијата и невладините организации. 

Проектот би започнал во Месинџерот и Воцап за подоцна плаќањето да се одвива преку посебна апликација. На почеток системот ќе може да извршува 1.000 трансакции во скунда (биткоин може седум во секунда) а подоцна и повеќе од тоа.

Далеку од тоа дека проектот однапред е осуден да успее. Целиот систем е комплициран и може да зезне во многу сегменти. Од тоа како ќе се одвиваат внатрешните конфликти во конзорциумот (20 членови би имале ист глас а битните прашања ќе се решаваат со 2/3 мнозинство), прашање е колку луѓето ќе бидат спремни да им ги доверат парите на опие кои ни податоците не им ги чуваа добро а во равенката треба да се стават и националните регулативи и можни забрани за трансакции во либри. 

19 јуни 2019 - 09:56