Од микроблејдинг до инфузија

Жена во Детроит завршува во болница и лежи три дена откако била на microblading третман, онаа полутрајна процедура за тетовирање веѓи.

Прво била воодушевена од резултатите и мислела дека за 250 долари направила одлична зделка (процедурата на запад чини од 700 до 800 долари), ама сиромавиот два пати плаќа, овој пат еднаш со пари еднаш со здравје, па прво почнало црвенило што се зголемувало секој нареден ден. Некој ден покасно забележува грутки, па ѝ отекуваат и ја болат веѓите.

Па, ѝ отекува лицето. Па ѝ се затвораат очите. И на крај како што кажува за локална телевизија, „Веќе не знаеш што може да се случи.”

На крај решила да оди на ургентно и стига до антибиотик во инфузија и стероиди цели три дена во болница. Веројатно нема да има трајно оштетување, но ризикувала огромни проблеми со синусите, ако не побарала лечење.

Нејзиниот дерматолог, Д-р Стивен Греткин, за телевизијата изјавува дека ова може да се случи од неколку причини. Може да била алергична на мастилото за тетовирање, или нешто што било искористено за да се припреми кожата. Може не го миела лицето после тоа, па се довела до инфекција. Советот е да се истражува што е можно повеќе за местото каде што сакаш да закажеш третман.

Или, ако сакате - подрум и медицина не одат заедно.

1 јули 2019 - 14:48