
Елизабет Кендал го запознава Тед Банди во 1969 година во Сиетл. Тогаш е веќе самохрана мајка со мала ќерка, а Тед Банди е „амбициозен, интелигентен и грижлив млад човек“. Не само што им станал составен дел од животот, дури бил и татковска фигура за ќерка ѝ. Заедно биле шест години и во тоа време се случуваат и дел од убиствата.
Кендал на телевизија видела цртеж што личел на него, плус името Тед, плус опис што одговарал на неговата кола, и веднаш се јавила.
За жал, во тоа време, Тед Банди личи премногу „нормален“, прешармантен за да биде сериозно сфатен како осомничен.
Откако го уапсиле, долго време се мачела да ги спои двете слики - чудовиштето со човекот што го сакала. И долго не можела целосно да прифати дека е можно двете слики да се истиот човек.
Денес е пример за тоа колку е тешко да препознаеш дека некој е опасен кога е харизматичен, паметен и вешт во криење.