Сме сретнале и коментари на социјални мрежи, од реални луѓе - многу често под објава што критикува употреба на вештачка интелигенција за пишување, на пример, се појавуваат самозадоволни личности што ќе искоментираат „Е, заврши времето кога само вие можевте!“
Оваа изјава и сите нејзини варијанти и соодветни однесувања е проблематична на толку многу нивоа, што не можеш ни да се разбереш. Ако не знаеш да правиш музика, немаш талент, не си бил во школо за тоа, не те интересирал процесот на создавање, не си ги научил основите, не си вложил време, труд и енергија да научиш - зошто мора да правиш музика?
Ако во животот немаш напишано три збора, не читаш книги, не знаеш да се изразуваш, немаш идеи - зошто би морале да ја прочитаме твојата книга?
Чујте го муабетов, веќе имаме културолошки проблем: