Offside

УЕФА и КОНКАКАФ (фудбалска конфедерација на Северна, Централна Америка и Карибите) почнале официјални преговори за покренување заедничка Лига на Нации која би имала дури 96 репрезентации.

Какво беше најголемото ривалство во европската кошарка: Сабонис VS Дражен

Дражен Петровиќ и Арвидас Сабонис играа на различни позиции. Првиот беше плеј, а вториот центар. Но тоа не го менува фактот дека двете легенди имаа многу заеднички нешта.

Можно ли е да е до волку глуп?

Ќе речеш на резервна клупа си безбеден. Не може никој да те повреди ниту навреди, па и да заврне пак си раат, бидејќи си гледаш фудбал под стреа. Но, одиме пак со прашањето од насловот.

“Пеколот во Битола“ во кој Пелистерци ги враќале секундите на семафорот за да победат

„Навивачите започнаа да фрлаат со столчиња по нас. Судиите беа нападнати, нашите новинари беа нападнати во „карате стил“, се слушаа врисоци насекаде. Истрчавме во соблекувалната и се заклучивме внатре“.

А голот на Инсиње дали го видовте?

Наполи играше многу важен меч против Рома и успеа да победи со гол во 82' минута. Прво Каљехон го отвори резултатот, па Михтарјан израмни за во финишот капитенот Лоренцо Инсиње да свитка една „кривина“ во свој стил со внатрешна. Нашиот Елмас влезе во 86' минута место Руиз.

Како мислат на вонземјанинот Лионел да му мерат температура?

Барселона многу лесно го совлада Виљареал на гости со 1-4 и успеа да ја задржи бодовната разлика зад Реал Мадрид на 4 бода на 4 кола до крајот. Лео Меси имаше 2 асистенции, одигра фантастично, а топломерот за мерење температура после мечот не работеше кога Лионел пријде да му измерат.

После 59 години, Роналдо е прв играч кој дал 25 гола за Јувентус во сезона

Иако за „Старата дама“ играа врвни напаѓачи низ историјата, скоро шест децении ниту еден центарфор не постигнал 25 или повеќе гола. Португалскиот ас ја стигна оваа бројка.

Катапултот на Ван Бронкхорст со кој Холандија стана финалист на СП 2010

Тешко дека имаше појак гол на тоа Светско првенство, гол кој кога го видел Муслера на забавена снимка каде завршил, веројатно се утешил дека оваа топка никој не ја брани. Падна на денешен ден пред 10 години.

Фудбалер на Депортиво го даде најблесавиот гол на сезоната

Ла Коруња до синоќа се тресеше во борбата за опстанок во втората шпанска лига Сегунда дивизион. Некогашниот шампион и европски гигант се соочува со тешки времиња, ама имаше јунак да ги спаси.

Против Интер гол даде бегалец од Африка кој во 2016-та дошол со гумен чамец на Сицилија

Муса Џувара е хит во Серија А. Овој млад Гамбиец одигра животна партија, даде гол на најубавиот стадион во Италија против голем противник, а италијанските весници денес се полни со неговата тешка биографија.

Гризман со месиевски лоб

Барселона го отвори резултатот уште во 3' минута после автогол, Виљареал израмни во 14' и тоа беше сè од домаќинот. Каталонците издоминираа преку Суарез, Гризман и Ансу Фати, а Французинот даде преубав гол (9-ти сезонава за 29-годишниот Гризман).

Мајсторот Пандев бомбардира и со десна

Напаѓачкото дуо на Македонија вечерва се размина на терен, бидејќи Несторовски излезе од игра во 58-ма минута, а Пандев влезе во 59-та. Токму ил капитано внесе свежина во играта кога Удинезе водеше 2:0, а и покрај тоа што е левак даде одличен гол со десна во 81-ва минута по што Џенова израмни на крај на 2:2.

Фудбалски твит на денот

Интересна самоуверена прогноза, базирана на реални факти и податоци. Ама прогнозата секогаш остава шанси и за утка. Како во случајов со мајсторот.

Само еден играч на Сити не му аплаудираше на Ливерпул

Пред мечот Манчестер Сити - Ливерпул, на стадионот „Етихад“ домашните фудбалери направија шампионски шпалир за новиот првак. Сите играчи на „граѓаните стоеа во две паралелни колони и со аплауз ги поздравија ривалите. Ова е традиционален ритуал во некои земји.

Меси по четврти пат си оди од Барса, ништо чудно пак да се смират со нов договор

Вест број еден од шпанскиот фудбал во петокот беше инсајдот од познатото радио Cadena SER: Лео Меси сака да си оди од Барса во 2021-ва кога му истекува договорот.

Кога Борусија го остави Чалханоглу на слободен без жив ѕид

Турчинот тука има само 20 години и е член на Хамбург, а Милионерите го оставаат од скоро пола терен да ја изведе без никакви пречки. Хакан се намести и мртов ладе ја зафука во гол, топката одеше право во голман, ама и не одеше.

Ајде нека дојде август побрзо

Пред месец дена требаше да го дознаеме европскиот првак, ама сè се поремети. Не дека е лошо сега со фудбаливе, бидејќи секоја вечер ги има, ама го чекаме вистинскиот, шампионскиот фудбал од кој произлегува ваква атмосфера која за жал веројатно овој пат ќе биде забранета.

Џиџи Буфон како Чкаља, ќе учи школо на стари години

Минатата недела Џанлуиџи Буфон го продолжи договорот со Јувентус после што 42-годишниот легендарен голман ќе го гледаме уште една година во фудбалот.

Македонска пливачка тренирала 100 дена во 2 метри базен

Ковидот ги сопре фудбалерите, кошаркарите, ракометарите да не може да играат, но тие барем можеа да тренираат индивидуално, а пливачите останаа само со тренинг на суво кој не им врши работа. Ева се најде махерски и издржа до крај.

Моника Селеш – кралицата на која и беше расипано владеењето

Родена е во Нови Сад во 1973-та, родителите и се Унгарци, а во 1994-та добива и американско државјанство бидејќи се селат таму. Како дете вежбала на мрежа оптегната меѓу две коли на паркинг. На само 19 години испиша историја која се нема повторено во тенисот. Ќе ја продолжеше ако не беше тој насилник.

Клоп до новинар: „Гледаше фудбал и ме прашуваш дали сме имале шанси“

Мамурниот Ливерпул иако отиде во Манчестер во полн состав, изгуби од Сити со убедливи 4-0 па на Јирген Клоп баш и не му беше до смеење синоќа на „Етихад“. После мечот новинарот Џеф Шривс го прашува дали имале добри шанси при резултат 0-0.

Таква контра само Белгија може да изведе

Во осминафиналето на Светското првенство во Русија 2018-та, Јапонија со две „камикази“ за само 4 минути (Харагучи 48', Инуи 52') ја олади Белгија и почна да им ги пакува куферите. Ама Белгијците не за џабе беа фаворит број 1 за финале, па се вратија за 5 минути (Фертонген 69' и Фелаини 74'). За да во последни секунди светне една луда контра која ја круниса Шадли.