Offside

Фудбалот е секогаш многу повеќе од она што се случува на теренот. За некого соништата почнуваат надвор од него.

На стативата најде бе?

Сме виделе фудбалери и кај нас и во други лиги како малата нужда ја решаваа брзопотезно, ама бар се кријат во некој ќош. Овој апла зема стативата да ја подмачкува и плус тренер е.

Погба ти знаеш ли да дадеш нормален гол?

Една недела откако со волеј го реши Барнли, Пог Погба повторно распали со јако голчиште, а овој гостински 3 бода на својот тим му донесе од гостувањето против Фулам, конечни 1:2. Јунајтед е прв на табела со 2 бода повеќе од Сити.

Роналдо стана најдобар стрелец во историјата и му донесе Суперкуп на Јувентус

Кристијано Роналдо (35) постигна гол во триумфот на Јуве од 2-0 над Наполи во Суперкупот на Италија и го надмина апсолутниот рекордер Јозеф Бицан на вечната листа најдобри стрелци на сите времиња.

42-годишен голман го водеше малиот третолигаш до сензација против Реал Мадрид

„Кралскиот клуб“ не престанува да разочарува. По поразот во шпанскиот Суперкуб од Атлетик Билбао, тимот на Зинедин Зидан срамно испадна од Купот од скромниот третолигаш Алкојано од Сегунда Б.

Реал Мадрид се избламира со третолигаш

Сензација во 16 финалето од Копа дел Реј каде Кралевите дозволија да бидат елиминирани од третолигаш и тоа со пресврт и плус со играч повеќе. Тимот се вика Aлкојано, ако ви значи нешто.

Така бе Тале крени се на скок пук, што ги вртиш

По големиот број заслужени критики кои стигнаа на сметка на Филип Талески, бекот на Вардар конечно, дури на четвртиот натпревар стигна до првите голови на Мундијалот во Египет. Се ослободи и три пати убаво се крена на шут во првиот дел против Словенија.

Нов убедлив пораз на Македонија

Македонската ракометна репрезентација со висок пораз од 10 гола разлика ја стартуваше втората групна фаза против фаворитот Словенија. Се забележува напредок во играта и поголема желба и борбеност, но и немоќ против уште еден поквалитетен противник.

Најјаките анегдоти за Пирло со Гатузо

Вечерва за трофејот во италијанскиот Суперкуп ќе се борат Јувентус и Наполи, предводени од Пирло и Гатузо кои повеќе од десет години беа блиски соиграчи во Милан и репрезентацијата на Италија. Има куп јаки анегдоти поврзани со двајцата.

Потегот број 1 во одбојкарските квалификации е на капитенот на Македонија

Европската одбојкарска федерација стокми топ 5 листа на најдобри потези од квалификацискиот турнир за ЕП кој се одигра во Скопје. Два се дело на Никола Ѓоргиев од кој едниот е прво место.

Одлепи малку твитерџијава на Мундијалот а?

Чуварот на голот на Египет Карим Хендави важи за доста темпераментен голман кој не го држи место и лета од клупа откако неговите ќе завршат акција со празен гол. Тоа сè во ред, ама па и со монтаживе се претера нели? Да се исплаши човек.

Пандев-Роки каков тандем беше тоа

Сезоната 2007/2008, Томазо Роки и Горан Пандев се искачија на седмата позиција на најдобри стрелци како напаѓачко дуо во историјата на Лацио. Многу добро се читаа и заедно растураа во напад. Погледне ја оваа комбинација, топка со очи на Пандев и мајсторија на Роки за делириум на коментаторот.

Шишко му одбрани пенал на Тричко на Кипар

„Македонското“ дерби меѓу Докса и АЕК Ларнака во фудбалското првенство на Кипар кое заврши 0-0, голманот на домаќините му одбрани пенал на неговиот пријател и репрезентативен колега Иван Тричковски.

Фолксваген Буба, народната кола на Хитлер и подемот на Волсфбург

Волсфбург, град на реката Алер, 75 километри источно од Хановер е град со најголемата фабрика за автомобили на светот, изграден врз село во 1938-ма година. Најголема забава за жителите е бундеслигашот Волфсбург кој во 2003-та сензационално ја освои шампионската титула.

Бомбастичен погодок на Сусо вреден победа

Севиља го доби гостувањето против Алавес со 1:2, а домаќините промашија пенал за реми во 91-ва минута. Голот на колото без конкуренција е на поранешниот фудбалер на Милан кој се отвори од 30 метри како никогаш до сега. Многу опасна левица извади.

Да му пратиме македонско пиво на Реј Парлоу

Се сеќавате ли на него? Трикратен шампион на Англија со Арсенал. Среден ред држеше со виткано косиче? Сака наше пиво да проба.

Најубавиот лоб на месецот со кој Рома испадна од Купот

Рома по дебаклот од Лацио во римското дерби (3:0), синоќа се посрамоти и со Специја во 1/8 финалето на Копа Италија. „Волчицата“ губеше со 0-2 после само 15 минути игра, па ирамнија на 2-2 но во продолженија со два играчи помалку изгубија 2-4. Точка на мечот стави Рикардо Сапонара со оваа убавина од лоб, негов втор гол на мечот.

Ретко виден погодок на голман од гол на гол

Во четвртата англиска лига второпласираниот Њупорт Каунти одигра 1-1 на гости кај Челтенам. Во водство ги донесе голманот Том Кинг кој во 12' минута постигна еден стварно ретко виден гол од крај до крај.

Сашо кога пцуе, клупата се тресе на тајм-аут

Кошаркарите на Партизан убедливо изгубија во Еврокупот од Булоњ Метрополитанс во Париз 79:62, а тренерот на „црно-белите“ Сашко Филиповски не можеше да ги задржи нервите и на еден тајм-аут ги отера играчите кај што не треба.

Како пикерот од Конго ги јача своите

Велат дека ако можеш да го поминеш него, можеш секого да поминеш. Ама проблемот е што него не можеш да го поминеш.

1 минута со професор доктор Кире Лазаров

На Твитер профилот на организаторот на Мундијалот ги ставија сите негови 8 гола против Чиле на едно место и напишаа: 7 е неговиот број. 40 се неговите години. Само застанете и прашајте се. Не тој не е волшебник.

Еднаш и на Брестовац да му прекипе

Обично е мирен и ладен на клупа, без покажување емоции, како веќе сè што има за кажување да го пренел во соблекувална. Ама ете, го видовме и нервозен во моментите кога се кршеше мечот со Чиле кога не беа дозволени повеќе киксеви. Така бе Данило, викни им малце.

Како градот Билбао ја прослави победата над Барса во финале

Атлетик Билбао, еден од најстарите фудбалски клубови во Шпанија, го освои трофејот во Суперкупот откако во само неколку дена ги совлада Реал Мадрид во полуфинале и Барселона во финале. Во услови на глобална пандемија, градот вака им честиташе на своите миленици:

И Шекил О'Нил дознал за пивотот на Конго, па му се обрати

Гигантот Мавумби е хит на Светското. Даде 4 гола против Аргентина, 4 гола против Данска на Хансен, а во вторник од 18:00 најверојатно за последен пат ќе го гледаме на Мундијалот, против Бахреин кој е огромен фаворит против Африканците.

Младиот Костески израснува во голем играч

Македонската селекција е меѓу најмладите на Светското во Египет. Очекуваната смена на генерации денеска против Чиле полека вроди со плод. Младиот Стружанец Ненад Костески (2001) одигра врвна партија со дури пет гола!