Да се немало к'смет да се даде гол

Четврфиналниот двобој кој дефинитивно направи најголем ќеиф до сега е мега битката меѓу ПСЖ и Баерн. Две средби со многу трчање, дуели и жар, ама и многу шанси на двете средби. Само Нејмар синоќа имаше четири.

Првата мајсторски му ја одбрани Ноер кој му влезе во шут, во втората ја погоди стативата, во третата ја утна топката, а во четвртата Ноер му ја скрати. 

Тоа се тие пропуштени шанси на Нејмар кој ако имаше среќа можеше 4 да им даде. Но и покрај тоа нема причини за разочараност, бидејќи е прогласен за играч на мечот и уште поважно му се одмазди на Баерн за ланското финале и ќе игра полуфинале.

ПСЖ вкрстува со подобриот од дуелот Манчестер Сити - Борусија Дортмунд кој заврши 2:1 во Англија, а Челси ќе игра со победникот од средбата Ливерпул - Реал.

ЈА ВИДОВТЕ ЛИ ПРОСЛАВАТА НА НЕЈМАР ПРЕД КИМИХ? 

14 април 2021 - 13:32