Offside

Деца, едно време и ние игравме на Светско, ама со бившата држава која имаше состав за респект, со кој едвај на пенали излезе на крај една Аргентина во четвртфинале. Марадона промаши. Во осминафинале ни се падна Шпанија. Ја реши Драган Стојковиќ Пикси со две мајстории и конечен резултат 2:1. Никогаш недораскажана сторија е Југославија.

Необичен гол во Бразил од паркинг

Екипите се викаат Спорт и Ретро. Ама не се сами они чудни. Погледнете го ова. Голманот мислеше дека тоа ќе биде лесен плен.

Деби за заборав на Арбелоа, Реал елиминиран од второлигаш

Фудбалерите на Албасете приредија сензација во Копа дел Реј и го исфрлија ранетиот Реал Мадрид, кој пред само неколку дена го загуби Супер Купот од Барселона. Победничкиот гол за второлигашот падна во 94-та минута за конечни 3:2, а го постигна Хефте Бетанкор, кој беше двоен стрелец на мечот.

Џордан сам против сите од Орландо

Првиот чувар се вика Пени Хардавеј, вториот Шекил О`Нил, а под кош е и Хорас Грент. Ем Џеј не го интересира и не гледа кој има пред него. Влегува и ја решава акцијата, па ако треба и сам ќе си асистира, како во случајов.

Кузмановски за односот со Талески

Филип Талески неодамна во подкаст изјави дека не разговара со Филип Кузмановски. Капитенот на Пелистер за Пресинг вели дека не сака многу да навлегува во таквите приказни. „Нема никогаш да заборавам како ми помогна, како да дојдам од Битола во Скопје, да се наметнам во тој круг на играчи, на приjатели, на другарство. Едноставно, можеби конкуренциjата направи да дојде до ова меѓу нас. Јас немам никакви замерки“, вели Кузмановски.

Ај во 17.000 евра дека нема да погодиш пречка?

Интересен момент имало на полувреме на натпревар на фудбалскиот клуб Лејтон Ориент. На стадионот „Бризбејн Роуд“ навивач добива понуда од спикерот, 15.000 фунти ако погоди пречка. И мртов-ладен со лева ја поткупува маестрално со фелш и гаѓа пречка.

Каков ли наслов да му ставиме на видеово?

Веројатно еден од најлошите, ако не и најлош начин да примиш гол. Толку.

Африканците скршени од одлуката на Трамп да не ги пушта на Светско првенство

Купот на Африкански нации е нешто што има свој оригинален шмек, тамошните навивачи прават шаренолики спектакли на трибините кои по сè изгледа би можело да ги нема на Светско првенство 2026 летово. Барем не во мера во која ги имаше на сите Мундијали досега.

Австриски тенисер заборавил на правилата, пред време се радувал па изгубил

Во квалификациите за Отвореното првенство на Австралија на дуелот меѓу Себастијан Офнер од Австрија и Нишеш Басаваради кој игра за САД, Австриецот повел со 7-1 во треиот сет и убеден дека средбата е завршена, тргнал кон мрежата со раце кренати во вис како да е се готово. Заборавил дека во Мелбурн на првиот Грен Слем во годината решавачкиот тај-брејк се игра до 10 поени. Откако судијата му кажал за правилото, Австриецот се разочарал и целосно паднал. Противникот ги освоил следните осум од девет поени и победил 4-6, 6-4, 7-6.

Адетокумбо им се сврте на своите навивачи

Милвоки Бакс изгуби 139-106 од Минесота Тимбервулвс и го запиша 23-от пораз (имаат 17 победи). Најдобриот кошаркар во историјата на клупската франшиза Јанис Адетокумбо одново беше најефикасен со 25 поени, 8 скока и 5 асистенции но навивачите постојано го исвиркуваат и „букаат“ и него и соиграчите, па тој им возврати.

Третолигаш му фати пенал на Икарди и тоа два пати по ред

Галатасарај го совлада Фехтијеспор на гости со 1:2, ама Мауро Икарди имаше мака со голманот и ги загуби двата дуела од белата точка.

Гризман изведува слободен, голманот споменик

Без голем залет и без силување, туку само технички перфектно изведено, со искуство. Така шутира 34 годишниот Антоан Гризман. Играчите од жив ѕид бадијала скокнаа, а голманот на Депортиво не ни се фрли.

Бурак Јилмаз му се сипа на судијата, па за врат го фати својот помошник

Кочаелиспор, каде игра Дарко Чурлинов, загуби 1:0 од Газиантеп на гости во Купот на Турција. Довчерашниот турски напаѓач, Бурак Јилмаз, кој од минатото лето е тренер на Газиантеп, ги загуби нервите и очекувано доби црвен.

Миљан Миљаниќ, учителот на Реал Мадрид испратен во вечноста со „Битола мој роден крај“

Го знаете ли битолчанецот кој му беше ментор на Висенте дел Боске и кој на Сантијаго Бернабеу беше претставен од Сантијаго Бернабеу? Инаку селектор на Југославија во четири наврати, како и добитник на Орден за заслуги од страна на ФИФА.

Има нешто и до почит - цела сала на Торонто стана на нозе за Лоури

Филаделфија '76 го совлада Торонто Репторс на гости 115-102 и ја забележа 22-та победа сезонава. Најефикасни беа Тајрис Макси со 33 поени и Жоел Ембид со 27 поени, 8 скока и 4 асистенции. На клупата кај Фила беше 39-годишниот ветеран Кајл Лоури кој 9 меча по ред не влегувал во игра воопшто. Се до синоќа кога во салата на Торонто Репторс со кого освои шампионска титула не го скандираа неговото име, па тој се соблече и влезе во игра.

Како после Бразил да нема 5 светски титули?

Кога цела земја ужива со топката, дали на улица, во прашума, на Копакабана, на Маракана....

Навивачите на Абердин со парола го закачнаа Бојан Миовски

Првиот центарфор на македонската фудбалска репрезентација Бојан Миовски се прослави во дресот на шкотски Абердин каде блескаше и се изнадава голови во две сезони. Кога дојде време за нов предизвик, тој направи трансфер во Ренџерс, славниот и трофеен клуб од Глазгов. Сега првпат после селидбата се врати во Абердин. Го пречекаа со цела кореографија и парола на негова сметка.

Тренерот на Бостон повторуваше како папагал само два збора

Бостон Селтикс изгуби тесно 98:96 од Индијана Пејсерс која постигна кош на шест секунди пред крајот за победа но во тој напад очигледно имаше фаул на Паскал Сијакам и други судиски грешки. Тренерот на Бостон Џо Маѕула после натпреварот на прес-конференција пак даваше необични одговори. Овојпат се реши само да повторува два збора „Илегал скрин“ односно „Неправилно поставен блок“. Новинарите имаа различни прашања, а тој на шест поинакви прашања го даваше истиот одговор па овие кренаа раце од пресот.

Првпат во историја: Париз го победи ПСЖ и го исфрли од Куп на Франција

Само неколку дена откако за првпат после 47 години се сретнаа меѓу себе на официјален натпревар, кога ПСЖ го победи најблискиот и прв комшија Париз 2-1 на 4-ти јануари, синоќа само осум дена подоцна Париз направи сензација и го совлада европскиот шампион во дуел од Купот на Франција.

Собослаи од место, многу дрско

Ливерпул со 4 парчиња го почасти Барнсли во ФА Купот. Стрелаа Фримпонг, Вирц и Екитике, а резултатот во 9 минута го отвори Доминик Собослаи со голчиште.

Гакпо е хит, со една копачка влечеше контра

Ливерпул го совлада Барнсли 4:1 во 3. коло од ФА Купот. Коди Гакпо е најјак. Кај трчаше бос со една копачка на нога, а другата во рака, па уште и топка бараше гол да даде.

Има во џеб да ве ставиме

Сенегал - Египет и Нигерија - Мароко се полуфиналните двојки во Африканскиот Куп на нации. Сенегалците имаат порака за своите противници.

Реал Мадрид го отпушти Чаби Алонсо, се знае наследникот

Со взаемен договор и согласност на двете страни, Реал Мадрид и Чаби Алонсо го раскинале договорот. Веста доаѓа само ден по поразот од Барселона во финалето на шпанскиот Супер Куп одигран во Џеда.